Секојдневно стигнуваат вести за кратење на плати на вработени, на фунцкионери и на фудбалери во најголемите европски лиги, но германската Бундеслига покажа фантастична солидарност периодов.
Четирите најбогати клуба во Германија, Баерн Минхен, РБ Лајпциг, Баер Леверкузен и Борусија Дормтунд решија целите заработки од овогодинешната Лига на шампиони (околу 10,5 милиони евра по клуб) и плус по 7,5 милиони евра секој посебно, да донираат во фонд за помалите и позагрозени од кризава клубови во 1 и 2 Бундеслига.
Многу германски репрезентативци, во прв ред Џошуа Кимих и Леон Горецка отворија кампањи и фонд за донирање средства во борбата со Ковид-19, а на крај собраа повеќе од 5 милиони евра.
РЕДАРСКИТЕ СЛУЖБИ НИКОЈ НЕ ГИ ПРАШУВА КАКО ИМ Е
Во фудбалскиот ланец запоставена е една карика. Повеќе од 60% или 56.081 работни позиции во прва и втора Бундеслига им припаѓаат на редарите, оние кои се најзаслужни за редот на теренот и трибините.
Тие воглавно се ангажирани од трета страна, од компании за обезбедување, а не од самите клубови. Овие „индиректни работи“ како обезбедување, кетеринг и одржување хигиена се многу погодени од паузата во фудбалот.
НЕМААТ РАБОТА, НЕМААТ ПЛАТИ
Сара, чие вистинско име германскиот Дојче Веле не го објавува, работи за фирма која со месеци овозможува услуги на еден Бундеслигаш. Таа вели дека нејзината работа е најкул нешто што работела во животот.
Но со пандемијата на коронавирус, Сара останала и без работа и без плата и малку фалело да остане без покрив над глава ако не ја прибереле пријателките.
„Кога Бундеслига прекина, платата ми беше нула. Кога еднаш објавија дека Бундес веќе нема да се игра, толку беше со мојот главен извор на приходи. Очајна сум“.
Адвокатите во Германија специјализирани за работнички права, велат дека вработените од трета страна заслужуваат бенефити исто како и секој друг.
„Германскиот закон за работа не прави разлика меѓу луѓето кои работат фул работно време, половично или само неколку часа неделно. Фудбалските клубови, сепак, сносат одговорност само кон оние кои имаат договори со нив, така што вработените од трета-страна ги оставаат на милост и немилост на компаниите“, вели Верена Спекин, адвокат од Рошток.
Германската фудбалска лига (DFL) вели дека тие не можат да ги коментираат договорите кои клубовите ги имаат со компании од трета страна и дека штом фудбалот се врати во нормала, и редарските служби ќе се вратат на терен.
Кристијан Зејферт, претседателот на Германската фудбалска лига неодамна објави дека Бундеслига 1 и Бундеслига 2 се одложени до крајот на април, а некои медиуми во Германија пишуваа дека се работи на план како да се игра без публика во мај.
Од 18 бундеслигаши, осум одговориле на прашањето каква поддршка им е пружена на вработените од трета страна за време на кризата.
Борусија Дортмунд се повикува на разни социјални иницијативи кои клубот ги води за заедницата, Вердер Бремен и Унион Берлин рекле дека нивен главен приоритет се нивните вработени. Од РБ Лајпциг рекле дека тие „ќе сторат најдобро што можат“ работни места да не се губат, но и дека ќе бараат начин да ги намалат трошоците во иднина поради кризата.
Од Фортуна Дизелдорф изјавиле дека тие се во постојан контакт со нивните партнери но дека не можат да помогнат никому.
Интересно, од Келн им понудиле на редарите и хигиеничарите од компании од трета страна, шанса да земат учество во клупските активности но директно не одговориле дали ќе ги вработат во клубот. Шалке не коментирал.
БЕЗ НАС ФУДБАЛОТ НЕ Е МОЖЕН
Ниту кетеринг фирмите, ниту компаниите за обезбедување не можат да коментираат дали имаат во план да ги поддржат вработените во ваква ситуација.
„Не мислам дека некој ќе седне и ќе мисли на улогата која луѓето како нас ја имаат во правењето на натпреварите од Бундес такви какви што се. Секој од нас работи за себе, не само играчите, управата или директорите. Но без нас фудбалски меч не е баш можен“, констатира Сара.
photo: picture-alliance/Pressefoto Rudel/R.Rudel