А на Вања не му е првпат да распали топ

Наполи се намачи со Каљари во Купот на Италија и едвај на пенали го совлада ривалот за плсман во четвртфинале. Претходно Лука со глава отвори после 28 минути за Наполи но Еспозито израмни на 1-1 во 67-ма минута. На пенали успешно се изведоа дури 16 удари, голманите не одбранија ништо сè додека Вања-Милинковиќ Савиќ прво не го реализира својот пенал па после да го одбрани на гостите за пласман понатаму. Сите коментатори на преносот се смееја на неговиот страшен топовски шут од пенал.

А не му е првпат, имаше страшен шут и од слободен додека бранеше за Торино:

Коментаторите на РАИ се смееа:

А Вања Милинковиќ-Савиќ имаше и од кого да учи на времето. Од големиот Синиша Михајловиќ:

Перфектен пенал на Елмас, Вања селачката

4 декември 2025 - 11:13