Таг: редари

Редар насилник на миланското дерби

Навивачите често знаат да претераат со изигравање бесни глисти на терен, ама понекогаш и редарите губат памет. На дербито Интер - Милан му се сипаа на навивач и му направија туш како да е Ел Чапо во прашање, а еден од нив му влезе со боксови. Тео Хернандес и Ромањоли тргнаа да ги смират.

Редарка го помеша Бонучи со навивачи па го враќаше назад

Што да прават и тие, како им е кажано така прават: „Никој не смее на терен“. Кутра жена, не го препозна командантот на италијанската одбрана Леонардо Бонучи па при прослава со навивачите не го пушташе назад на терен.

Сите мислат на фудбалерите, а некој во кризава да помислеше на редарите?

И покрај тоа што сочинуваат повеќе од 60% од вработените на стадионите во првите две германски лиги, малку кој мисли и ги поддржува овие работници за трета страна кои изгубиле за време на коронавирусот.

Колумбијка упадна на терен за Хамес и стана ѕвезда на интернет

За време на пријателската меѓу Колумбија и Австралија на стадионот на Фулам во Лондон, една од навивачките се протнала меѓу редарите и влегла на терен за да се слика со својот миленик Хамес Родригез.

Ако си редар, не значи дека си семоќен

Насилството носи верижна реакција, појава која што не ја обучиле овие португалски редари кои го добија тоа што го бараа.