Во големата радост на португалската репрезентација која ја победи Република Ирска со 2:1 во 96-та минута, најјак беше Пепе кој зграпчи еден од редарите. Дечкото остана присебен, а хит ќе беше ако славеше со нив.
И покрај тоа што сочинуваат повеќе од 60% од вработените на стадионите во првите две германски лиги, малку кој мисли и ги поддржува овие работници за трета страна кои изгубиле за време на коронавирусот.
Навивачи на четвртолигашот Олдам ја имале таа среќа да им се погоди редарот кој многу наликува на новиот британски премиер. И ете ти заебанции колку сакаш, а човекот искрено се смешка, интересно му е.
За време на дербито Лацио - Наполи (1-4), гостите од Неапол имаа што да видат кога влегоа во нивниот сектор. Не знаеа што прави нивниот капитен со маркер како редар на трибините наместо на теренот.
Фудбалерот од средниот ред на Питерборо, Мајкл Боствик стана можеби најголемата жртва на модерниот тренд на дречливи гостински дресови. Боствик не знаеше дали да го пцуе редарот или бојата на дресот на мечот против Нортемптон.
Редарот на теренот до трибините им заличил на популарниот пеач Ед Ширан, па неколку навивачи на рагби тимот Мунстер му го запеаа големиот хит Thinking out loud.