Минатата недела повремениот германски репрезентативец одигра 70 минути на пријателската против Спарта Ротердам (2:1 победа на Дортмунд со гол на Ројс за почетно водство).
Тоа беше прв меч на Ројс уште од почетокот на февруари кога се повреди. На почетокот на јуни почнал да тренира но скоро пак истегнал некој мускул и морал да паузира уште пар месеци.
За 8 сезони во Борусија Дортмунд, Марко Ројс бил отустен дури 1.061 ден поради разни повреди.
Синоќа конечно заигра фудбал на официјален меч. Борусија Дортмунд лесно го победи Дујзбург со 5:0 во Купот на Германија.
Ројс влезе во игра во 57' минута, само што ја стави капитенската лента крај аут линијата и по само 3 секунди постигна гол:
🤔 Wieviele Sekunden zwischen diesen beiden Bildern? ⏱️#DFBPokal #MSVBVB pic.twitter.com/5LUJgBgTqB
— Borussia Dortmund (@BVB) September 14, 2020
.@woodyinho ist zurück. Und wie ⚡
— DFB-Pokal (@DFB_Pokal) September 15, 2020
3️⃣ Sekunden nach der Einwechslung - so früh hat noch keiner getroffen 😮#DFBPokal #MSVBVB pic.twitter.com/l0O0MOilHI
Marco Reus needed just 3 seconds to score after being subbed on tonight 🤯 A new DFB-Pokal record 👏
Posted by DFB-Pokal on Monday, 14 September 2020
Ова е нов рекорд во германскиот Куп. Претходниот го држел Французинот Антони Модест кој во 2014-та година за Хофенхајм дал гол 12 секунди откако се нашол на терен.
РЕКОРДЕР СТАНА И МЛАДИОТ ЏУД БЕЛИНГЕМ
Во првиот официјален меч за Борусија Дортмунд дебитантски гол даде и младиот англиски талент Џуд Белингем.
Англичанецот зголеми на 2:0 и стана најмладиот стрелец во 110-годишната историја на Дортмунд. Има само 17 години.
A true honour, so grateful for the opportunity to play for this club!🤝 https://t.co/fE3ELOdndp
— Jude Bellingham (@BellinghamJude) September 14, 2020
А првиот гол на мечот го даде Џејдон Санчо на својот 100. јубилеен настап за Дортмунд.
Синоќа Дујзбург од 38' минута играше со играч помалку затоа што Доминик Фолкмер беше исклучен откако го фаулираше Холанд пред својот гол. Троган Азар (брат на Еден го реализираше пеналот), а уште еден гол беше дело на младиот Џовани Рејна.