Во минатото коло Мајнц првпат по враќањето на Бундеслигата победи, освои драгоцени бодови и избега од зоната за испаѓање.
Но меѓу сите среќни навивачи имало и еден незадоволен. Тој се нервирал што против Ајнтрахт головите ги дале црнците Ниакате и Кунде.
Навивачот на Мајнц решил да ја врати во клубот сезонската карта. Причина?
„Веќе неколку години не можам да се идентификувам себе со овој клуб. Имам впечаток како да сум на Куп на Африка а не во Бундеслига. Знам дека за ова ќе има реакции, но јас не сум расист. Не поддржувам расизам, но ова што се случува во клубот е веќе премногу.
Во последните натпревари од старт играа 9 цромурни играчи. За тоа време талентираните германски играчи играат се поретко. Ова веќе не е тој клуб кој ми беше драг на срцето сите овие години. Нико Бунгерт, Николче Новески, Марко Розе и многу други играа со срце за Мајнц. Даваа крв, пот и солзи за доброто на клубот“, го објаснил својот потег навивачот кога ја вратил сезонската карта.
Од Мајнц без проблем и со задоволство ја примиле сезонската.
„Расизмот се раѓа кога се шират такви мисли а не кога некој се нарекува себе расист - во принцип такви случаи се ретки.
Да, во право сте, вие не може да се идентификувате со нашиот клуб. За нас црната боја на кожа или кој било друг епитет просто нема значење. Ние обрнуваме внимание само на човечноста и на тоа дали ги делат нашите вредности.
Клубот го гледа спортот како елемент кој поврзува националности, култури, религии и социјални класи. Тука има деца и возрасни, луѓе со ограничени можности, независно од полот, бојата на кожата, вераста и социјалната положба.
Мајнц е космополитен клуб, ние сме неутрални политички и религиозно“.
Пред две кола Мајнц одигра нерешено 1:1 со Унион Берлин. Единствениот гол го постигна Ридле Баку на центаршут на Леандро Бареиро. Да, тие се темнокожи, но како може да се помисли дека тие не ги делат вредностите на клубот?
20-годишниот Бариеро е роден во Луксембург но во Мајнц е од тимот U-17. Ридле Баку голем дел од животот е во клубот. Сега има 22 години а во академијата е од 10 години. Освен тоа Ридле играше и за младинската репрезентација на Германија.
Ние се гордееме со тие играчи. За нас тие се просто вредни луѓе, наши деца од Мајнц. Вие ја оправдувате лошата форма на тимот со бојата на кожа на нашите играчи. Одлуката да ги споделите овие ваши ставови во време кога луѓето по цел свет демонстрираат против дискриминација и се солидарни по смртта на Џорџ Флојд, докажува дека овие недопустливи изгледи се длабоко вкоренети во вас.
За разлика од вас, ние бескопромисно сметаме дека животот на црните вреди“.