Откако германските медицински власти допуштија секој регион посебно да ја проценува можноста за враќање на публика на стадионите, неколку клубови со дозвола од градските власти, играа пред свои навивачи.
На мечот од германскиот Куп меѓу Ханза Рошток и Штутгарт имало околу 7.500 навивачи. На сајтот на Ханза неколку дена пред мечот стоело упатство за придржување до мерките и препораките, ама навивачите не обрнаа внимание на тоа.
Ниту маски, ниту дистанца, особено не на трибината со најверните навивачи на Ханза Рошток. Мечот на стадионот „Остцештадион“ во Рошток започна во 15:30 часот.
Навивачите со сезонски карти почнале да влегуваат на стадионот каде со црвена боја биле обележани оние седишта каде можело да се седи. „Конечната одлука за враќање на стадион е донесена во вторник на средба во кабинетот на нашата влада“, пишуваше во соопштение на клубот објавени на 9 септември.
На самиот почеток, додека играчите уште се загревале, се држела некаква дистанца меѓу гледачите.
Како што пишува Dier Spiegel, на влезот се мерела температура на секој гледач, картите виле нумерирани, маска морало да се носи и да се држи социјална дистанца.
Но откако стадионот добро се исполнил, многумина заборавиле на правилата:
Мечот заврши со победа на гостите од Штутгарт 0:1.