Ова е жива вистина, а се случува во 11-та германска лига меѓу Рипдорф и Холденштет, фудбалски меч со ракометен резултат уште поефикасен од оној во хрватскиот куп.
Целата работа околу организацијата на мечот била комплицирана бидејќи играчите на Холденштет биле во контакт со противник заразен со Ковид 19 од претходниот натпревар.
Иако сите членови на екипата потоа имале негативни тестови, претседателот на Рипдорф сметал дека сепак не е безбедно да ги меша своите играчи и на гостувањето решил да однесе 7 играчи, што е минимален број потребен за да се одигра натпревар.
„Им се заблагодаруваме на тие 7 играчи кои се пријавија да играат доброволно, инаку клубот ќе се соочеше со казна од 200 евра за откажување не мечот. Тоа се многу пари за нас во услови на пандемија“, изјави Патрик Ристов за ЕСПН.
И покрај тоа што ова било повеќе како формално појавување на Рипдорф кој свесно влегол во пораз, Холденштет бил немилосрден и давал гол речиси на секои две минути. Едниве дале 37 гола, а другиве биле посматрачи на безбедно растојание.
„Кога почна натпреварот, еден од нашите играчи му ја додаде топката на противникот и нашиот тим се тргна настрана. Играчите на Холденштет не разбраа, но ние не сакавме да ризикуваме ништо. Нашите повеќе стоеа на теренот“, вели Ристов.
Иако социјалните мрежи горат од заебанции, сепак Ристов вели дека тие се фокусирале само на она што е најдобро за безбедноста на сите играчи на теренот.
„Нема совршено решение за тоа и затоа ние се решивме на тој потег. На Холденштет не му посакавме никаква штета“.