Фудбалер на Хамбург се качи на сред трибини да се тепа со навивачи

Во германскиот фудбал веќе пуштаат гледачи на стадионите иако во ограничен број. Ханза Рошток и Штутгарт играа пред 7.500 гледачи, а синоќа на меч од 1/32 финалето на германскиот Куп меѓу Динамо Дрезден и Хамбург имало 10.000 гледачи без дистанца и маски.

Динамо Дрезден како домаќин му одржа права лекција на Хамбург и го згроми со 4-1, резултат кој за навивачите после долгомесечниот карантин и пауза без фудбал, беше вистинско задоволство.

Но после мечот се случи еден настан кој многу ретко се гледа во фудбалот секаде.

Играчот на Хамбург Тони Лајстнер се качи на сред трибина и физички нападна еден домашен навивач. Лудоста да биде поголема, околу него имаше илјадници домашни навивачи кои среќа прибрано реагираа како и редарите.

Тони давал флеш-интервју после поразот кога слушнал навреди на негова адреса од трибините. Успеал да види кој го навредува па тргнал да се пресмета. Сега со сигурност Тони го чека казна и суспензија поради ова.

Самиот Тони Лајстнер е роден во Дрезден и дури играл за гордоста на овој град од 2010 до 2014. Тој подоцна синоќа изјавил дека ги навредувале неговите најблиски и не можел да издржи па затоа неконтролирано реагирал.

Динамо Дрезден е третолигаш а Хамбург и во новата сезона ќе игра во втората германска Бундеслига.

15 септември 2020 - 09:11