„Малограѓанинот не е способен да го замисли Другиот. Доколку се соочи со него, тој станува слеп, го игнорира и го негира, или пак го претвора во себеси" - Роланд Барт
„ИСТРАЈНОСТ - Борбата самата по себе е доволна да го исполни човековото срце. Само треба да го замислиме Сизиф среќен" - Албер Ками
„На општеството му е гајле за поединецот само ако тој е профитабилен. Младите го знаат ова. Нивната загриженост додека влегуваат во општествениот живот е соодветна на ужасот на старците кои се исклучени од него" - Симон де Бовоар
„Колку што повеќе се идентификува со доминантните слики на потребата, толку тој помалку го разбира својот живот и неговите сопствени желби. Спектаклот се отуѓува од субјектот преку фактот што гестовите на поединецот веќе не се негови, тие се гестови на некој друг, кој нему му ги претставува" - Ги Дебор
„Оној којшто е лоциран во поле на видливост, и кој го знае тоа, прифаќа одговорност за ограничувањата на моќта; тој ги пушта да се одвиваат спонтано врз него; врз себе ја проектира релацијата на моќ во која истовремено игра две улоги: станува принципот на сопствената потчинетост" - Мишел Фуко
„Ако некој на самиот почеток на дејството треба да си суди себеси според исходот, тој никогаш и не би почнал" - Сорен Киркегард
„Оној кој се бори со чудовишта треба да внимава да не стане чудовиште. Ако доволно долго гледаш во амбисот, и амбисот ќе почне да зјапа во тебе" - Фридрих Ниче
„Сè што постои се раѓа без причина, трае заради слабост и умира случајно" - Жан Пол Сартр
„Подобро ќе беше да немаше ништо. Бидејќи има повеќе болка отколку задоволство на земјата, секое задоволство е минливо, и создава нови желби и нови маки, а агонијата на изеденото животно е секогаш многу поголема од задоволството на оној којшто го јаде" - Артур Шопенхауер