Милан со Крајова постави нов рекорд на посетеност во Лига Европа

Штом Сан Сиро крцаше во 3-то квалификациско коло за ЛЕ, тогаш Шкендија дека биде спремна, бидејќи домаќинот ќе има поддршка од сигурно најмалку 70.000 навивачи.

Со ремонтот во играчкиот кадар и влогот на новото раководство од околу 200 милиони евра за играчи, ентузијазмот на навивачите на Милан летово целосно се враќа пред стартот на новата сезона во Серија А.
 
Натпреварот меѓу Милан и Крајова, синоќа на стадион го гледале 65.763 луѓе. Tоа е нов рекорд на посетеност во квалификациите од второто по ранг клупско европско натпреварување.
 
Претходно рекордната бројка ја држеше средбата меѓу Борусија Дортмунд и Волфсбергер од пред две години на која присуствуваа 500 и нешто гледачи помалку.
 
Апсолутниот рекорд на сите натпревари во Лига Европа е забележан на мечот од нокаут фазата меѓу Тотенхем и Гент, одигран годинава во февруари кога имаше 80.465 посетители.
 
Сан Сиро има капацитет од околу 80.000 седишта, а навивачите на Милан се полни со мотивираност. Шкендија сигурно ќе игра пред речиси полн стадион.

Најголема посетеност во плејоф и квалификации за ЛЕ:
1. 65.763 - Милан - Крајова 2:0 (3 август 2017), 3-то квалификациско коло
2. 65.190 – Борусија Дортмунд - Волфсбергер 5:0 (06 август 2015), 3-то квалификациско коло
3. 64.200 - Борусија Дортмунд - Одд 7:2 (27 август 2015), плејоф
4. 56.932 – Вест Хем - Астра (25 август 2016), плејоф
5. 53.914 – Вест Хем - Домжале 3:0 (4 август 2016), 3-то квалификациско коло
 
Најголема посетеност во ЛЕ:
1. 80.465 – Тотенхем - Гент 2:2, 23 февруари 2017, 16 финале
2. 75.180 – Манчестер Јунајтед - Ливерпул 1:1, 17 март 2016, осминафинале
3. 73.063 – Манчестер Јунајтед - Фенербахче 4:1, 20 октомври 2016, групна фаза
4. 67.553 – Динамо Киев - Евертон 5:2, 19 март 2015, осминафинале
5. 67.328 – Манчестер Јунајтед - Ајакс 1:2, 23 февруари 2012, 16 финале
 
Рекорд во групна фаза: 73.063 – Манчестер Јунајтед - Фенербахче 4:1, 20 октомври 2016
Рекорд во финале: 52.347 – Атлетико Мадрид - Атлетик Билбао 3:0, 09 мај 2012, Букурешт
4 август 2017 - 16:30