Стрелецот на овој гол, 30-годишниот Тунижанец Ваби Хазри урна неколку рекорди за голови од најголема далечина.
Досега рекордот го држел Давид Елбојк од Ница кој направил чудо со еврогол од 66 метри против Кан во 2008-ма година. Од овој гол речиси никаде не може да се најде видео, а едно време дури и официјалниот сајт на Ница давал грешна информација дека голот паднал против Нанси.
Интересно, тогаш Ница ја тренирал Фредерик Антонети кој сега во води Мец и кој вторпат во кариерата во живо гледа ваков лудачки гол. Трет на вечната листа голови од огромна далечина е исто Тунижанец како и рекордерот. Во 2013-та Сабер Хелифа од Евиан постигнал чудесија од гол против Ница од 64 метри (погодокот го примил легендарниот Колумбиец Давид Оспина). Оспина има 1.85 всина а Укиџа од Мец кој вчера прими чудесен гол е 1.83 см што е ниско за современиот голмански раст.
Навивачите на Сент Етјен се тотално разочарани од партиите на својата екипа. Во едно од претходните кола направија голем прекин откако фрлија педесетина бакљи на теренот во дуел од француската Лига 1.
Но на стрелецот на овој чуден гол, Ваби Хазри не можат да му замерат ништо зошто фудбалерот од среден ред веќе има повеќе од пола голови за екипата (7 дадени од вкупно 12), а на последните четири меча со неговите голови Сент Етјен успеал да одигра две нерешени средби.
„Ова беше шут на генијалец. Јас не сум изненаден зошто Вахби пробуваше вакво нешто и претходно. Постигна гол во многу важен момент за нас зошто Мец самоуверено влезе во мечот и даде брз гол“, изјавил тренерот на Сент Етјен Клод Пуел.
⚽ A legendary goal to start the year! 🌪 On May 12, 2013,Saber Khalifa scored this screamer for @ETGfc against @ogcnice_eng 🇹🇳🌍 pic.twitter.com/KibdUjGUHL
— Ligue1 English (@Ligue1_ENG) January 2, 2019