Извлечени групите за Евро 2016 во Франција

Хрватска против Шпанија, Русија на Англија

Од 10. јуни до 10. јули следната година, 24 репрезентации ќе се борат за пехарот на 15. издание на Европското фудбалско првенство.

Група А: Франција, Албанија, РоманијаШвајцарија
Група Б: Англија, Велс, Словачка, Русија
Група Ц: Германија, Северна Ирска, Полска, Украина
Група Д: Шпанија, Турција, Чешка Република, Хрватска
Група Е: Белгија, Република Ирска, Шведска, Италија
Група Ф: Португал, Исланд, Унгарија, Австрија

Планетарно познатиот ди-џеј, Дејвид Гета сними песна за Европското 2016 со која се отвори вечерашната церемонија. Водители на целиот настан беа Руд Гулит, Биксент Лизаразу и стандардниот Џани Инфантино. Меѓу говорниците се појавија уште и Дел Боске, Харистеас, Трезеге, Бироф и Паненка.
 
Европското првенство ќе го отворат домаќинот Франција и Романија на 10. јуни на стадионот Сен Дени во Париз, кој беше во центарот на светската јавност пред еден месец кога се случија терористичките напади. Групната фаза ќе трае до 20. јуни а од 25. јуни ќе започне елиминационата рунда. Во неа ќе се пласираат двете први селекции од секоја група, како и најдобрите четири третопласирани селекции. Од 30 јуни до 3 јули ќе се играат четвртфиналните дуели, на 6. и 7. јули полуфиналните и на 10. јули финалето на Сен Дени во Париз.
 
Титулата европски шампион во Франција ќе ја бранат Шпанците, кои го освојуваа Евро два пати по ред.
 
Франција по трет пат ќе организира едно Европско првенство во фудбал. Претходните два пати ги организираше во далечната 1960-та и 1984-та кога како домаќини го освоија пехарот. 24 тима ќе учествуваат на ЕП 2016. Домаќинот Франција и 23 тимови кои стигнаа преку квалификациите. Шест групи со четири репрезентации се бираа врз основа на националниот коефицент во УЕФА.
 
Дебитант на ЕП е Словачка (како Чехословачка учествуваа не неколку Европски, но првпат како независна земја ќе играат во Франција).
 
Поопширно за сите стадиони на кои ќе се игра Европското 2016 тука.