Олимпија - Лил, 5 коло, Конференциска лига. Домаќините во обид да го оспособат теренот за игра на начин, до сега незабележат во фудбалот. Пешкири ставаа, за да упие водата. Мечот се одигра, а Олимпија загуби 0:2.
Од 62 трансфери кои предизвикуваат сомнеж кај италијанската федерација и органите на прогонот, дури 42 ги извршил Јувентус. Кјелини за време на короната наводно договорил пари под маса за цел тим, а Де Лихт и Де Шиљо испраќале скриншотови од разговори во полиција и обвинителство.
Продолжува проклетството на Јувентус во нокаут фазата од ЛШ кој повторно се соочува со елиминација од противник против кој имаше статус на фаворит. Виљареал и нанесе дебакл на Старата Дама со 3 комада за 14 минути. Челси со пресврт славеше против Лил.
Навивачите на Ница на почеток на сезоната на 22 август скокнаа на терен и се пресметуваа со играчите и стручниот штаб на Марсеј, а тој упад како да покрена лавина слични епизоди на неколку стадиони. Синоќа хулиганите на Марсеј влегоа на терен и тргнаа кон навивачите на Анже.
Во францускиот Куп, ПСЖ со 3-0 го сомле лидерот во француската Лига 1, Лил. Икарди ги отвори гостите со гол во 9' минута, а Мбапе даде два гола. Еден во 41' од пенал и еден после луд трк во 90+3' минута.
Човекот кој може да работи буквално сè во еден клуб: од тренер до фитнес-инструктор и скаут, направи првокласни чуда. Од непознати играчи створи ѕвезди кои подоцна им донесоа стотици милиони на клубовите.
На најдолгата серија без пораз на Милан во последните 24 години ѝ дојде крај. Тимот предводен од Пиоли не изгуби од 8 март (18 победи и 6 нерешени). Ама во четвртокот вечер им пристигна Јусуф Јазичи.
Нов соиграч на нашиот Елиф Елмас би можел да стане еден млад Нигериец кој ги пореметува противничките голмани и кој има страшна животна приказна иако има само 21 година.
Додека во Лил активисти во знак на протест ги прелепуваат уличните билборди со бела хартија, Гренобл на ниво на град почна да заменува стотици билборди со дрвја.
Уште после 100-на секунди од почетокот Ајакс поведе против Лил на гости. Домаќинот во 50’ минута имаше зицер да израмни преку Џонатан Иконе, ама црепот ја префрли трибината.
Смешки на дуелот Лил - Ајакс. Редарот улови дете на терен, ама дете со чувство дека треба да им се помогне на постарите. Браво, не сме виделе волку учтив падобранец во ЛШ.
Тимот од Местаља губеше 0-1 на полувреме од Лил во ЛШ, ама во второ заиграа како треба и со 4-1 го потопија францускиот претставник. Третиот гол за домашните го даде токму Французин, Кондогбија, од 30 метри.
Фудбалерите на Лил многу поемотивно го прославија пласманот во Лигата на шампионите, отколку Пари Сен Жермен титулата во францускиот фудбал. Браво момци, заслуживте елитен фудбал следната сезона.
Синоќа во Франција играа Монпеље и Лил. Гостите славеа 0-1 иако во 80’ минута Монпеље можеше да израмни на неферски начин. Откако домашните навивачи го гаѓале голманот на гостите Мајк Маињан со кеса кикирики, овој ја исфрлил топката во аут за да се пожали кај судијата. Ама овие си ја изведоа ко ништо да не било па Маињан мораше да спасува чист гол.
Враќањето на Марсело Бјелса во Лига 1 беше една од главните причини да се следи францускиот шампионат, но историјата на Ел Локо во Лил имаше чуден заплет и нејасна завршница.
Некој би рекол дека ова го има само на Балканот, но по сè изгледа го има и во посовршените фудбалски лиги во Европа каква што е француската. На мечот Амиен - Лил
Не пробувајте да го барате. Не користи мобилен телефон. Но од време на време претседатели на разни клубови имаат потреба од луд тренер. Од следната сезона Биелса ќе го води францускиот Лил. Барем таков е договорот.
Францускиот репрезентативец Метју Валбуена на мечот Лион - Лил (1-2) промаши нешто што се случува еднаш или ниеднаш во кариерата. Лион на крајот загуби и сега заостанува 8 бода од третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.
Еден од најдобрите другари на Азар од деновите во францускиот Лил, Рио Мавуба за француски тв канал раскажал една необична епизода од кариерата на Белгиецот во Лига 1.
Лил на домашен терен загуби убедливо со 1-4 од Монако, а почесниот еврогол за домаќините го постигна Жулиен Палмиери во 90’ минута од средбата. И тоа каков!
Двомечот од квалификациите за ЛШ меѓу Динамо З. и Вардар ги присети актерите на некои други времиња и донесе неколку необични моменти. Како на пример тоа дека десната рака на тренерот на „Модрите" има и друга професија.
Европското 2016 ќе се игра на 10 места ширум земјата. Франција потрошила околу 1,6 милијарда на изградба на пет нови и реновирање на веќе постоечките стадиони. Единствено Стад де Франс остана негибнат, а на него ќе се отвора и затвора првенството.
Пред нас, за десет дена е најголемиот овогодишен фудбалски спектакл. 30 дена фудбал, пиво, грицки, по некој тикет и навивање за омилените селекции. Што сè треба да нè интересира во врска со Европското?
Одбранбениот фудбалер на Лил, Џибрил Сидибе задоцни на почетокот на вториот дел од мечот против Монпеље, а главниот судија гестикулираше дека е до повикот на природата.