Кој е 23-годишниот Турчин кој го уништи Милан на Сан Сиро со 3 гола?

На најдолгата серија без пораз на Милан во последните 24 години ѝ дојде крај. Тимот предводен од Пиоли не изгуби од 8 март (18 победи и 6 нерешени). Ама во четвртокот вечер им пристигна Јусуф Јазичи.

Кога навивачите на Милан очекуваа дека екипата ќе ја продоложи неверојатната серија без пораз, на 25-от меч од почеток на таа серија, на гости им дојде француски Лил во Лига Европа. Нападот на гостите го предводеше 23-годишниот Јусуф Јазичи, човек кој на 2 меча во турнирот постигна 6 гола.

Иако на теренот беше Златан Ибрахимовиќ, целото внимание врз себе синоќа го привлече турскиот полушпиц Јусуф Јазичи. Во 20 минута над него пенал направи Ромањоли, а пеналот го реализираше самиот Турчин за 0-1:

Од 55' до 58' минута Јусуф постигна уште два многу убави гола. Прво со шут надвор од шеснаесетникот на после од внатре:

Во октомври Јусуф Јазичи постигна 3 гола против Спарта Прага (1:4) и благодарение на овие две победи и ремито со Селтик дома (2:2), Лил е прв во групата со 7 бода. Против Селтик еден од головите ги постигна уште еден Турчин од Лил - Зеки Челик.

Минатата недела Јусуф беше прогласен за играч на цело коло во Лига Европа, а најверојатно ќе биде прогласен и сега.

Јазичи е дете на Трабзонспор. Во 2017-та година дебитирал за репрезентацијата на Турција. Таа година го следеле ловци на таленти од ПСВ и Манчестер Јунајтед, а во август 2019-та Јусуф Јазичи потпишал 5-годишен договор со Лил. Трансферот чинел 16,5 милиони евра и е рекорден и за двата клуба.

Трабзон добил уште 1 милион откако Јазичи одиграл 25 меча за новиот клуб. Во првите 30 кола од Лига 1 минатата сезона, турскиот центарфор постигнал 1 гол а сега на последните 6 меча има 7 гола. За репрезентацијата на Турција, Јазичи има 24 настапи и 1 погодок.

Во следното коло од Лига Европа Милан гостува кај Лил. Сега најверојатно ќе знаат кого да чуваат најмногу.

ЗАНИМЛИВОСТИ:

- Милан изгуби првпат дома во еврокупови со разлика од 3 гола;

- Јазиџи стана првиот фудбалер кој после 20 години постигнал хет-трик против Милан на „Сан Сиро“. Последен пат тоа му успеа на Ривалдо на епскиот меч во октомври 2000-та кога Бразилецот постигна хет-трик во Лига на шампиони (3:3). Хет-трик против Милан во еврокуповите имаше и Бразилецот Марсиел Аморосо во полуфинале од Куп на УЕФА 2001/2002 (Борусија Дортмунд го доби Милан со 4:0).

- Уште полудо е што ова е втор хет-трик на Јазиџи во 3 одиграни кола во Лига Европа. Тој стана првиот играч во историјата на кој постигнал два гостински хет-трика во еврокупови за една сезона.

6 ноември 2020 - 13:10