Македонскиот стратег Влатко Андоновски кој ја води женската фудбалска селекција на САД, беше сведок на најуникатниот хет-трик за кој сте чуле до сега. Ем брз, ем во исто полувреме, па уште и во погрешна мрежа. Неверојатно.
Тотнем Хотспур од северен Лондон важи за еден од најбогатите клубови на светот. Има ултра-модерен стадион за 62.000 гледачи, има суперѕвезди како Хари Кејн, Герет Бејл, Сон и Иго Лорис, ама тоа ништо не играше улога против срчаниот Динамо Загреб и Милсав Оршиќ кој со 3 гола ги исфрли од Лига Европа.
Пред магичниот Килијан Мбапе, само двајца фудбалери во историјата успеале да постигнат дури три гола против Барса во Лига на шампиони. Интересно и двајцата стигнаа до тоа во 1997-ма.
Најлудиот меч синоќа во елитата, се одигра во Истанбул каде домашниот Башакшехир и Лајпциг постигнаа вкупно 7 гола. Тимот на Јулиан Нагелсман водеше 0:2, па 1:3, ама домаќинот го имаше неверојатниот Ирфан Кавеџи.
На најдолгата серија без пораз на Милан во последните 24 години ѝ дојде крај. Тимот предводен од Пиоли не изгуби од 8 март (18 победи и 6 нерешени). Ама во четвртокот вечер им пристигна Јусуф Јазичи.
Неговиот ЛА Галакси со 7-2 го поништи Спортинг Канзас Сити и во моментов е на 5. место на табелата од Западна конференција кое води во плејофот. Ибра броеше до три и постави нов клупски рекорд со 25 гола во една сезона. Во моментов прв стрелец во МЛС е Карлос Вела со 28 погодоци.
Додека траат квалификациите за Европско 2020, како и Светското во кошарка во Кина, англиското фудбалско подземје не застанува. Најјако беше во трета лига од каде доаѓа луд хајлајтс.
Португалија со 3:1 ја совлада Швајцарија и се пласираше во полуфиналето на Лига на нации. Сите три гола од кои еден од слободен удар за европскиот шампион ги постигна Кристијано Роналдо.
Со три гола за неговиот ДС Јунајтед против Солт Лејк (5:0), некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација потсети на старите добри изданија.
Само шест клуба и натаму го сонуваат најубавиот сон: освојување на тројна круна, подвиг кој малку кој низ историјата го остварил. Меѓу ретките шампиони е и нашиот Горан Пандев кој со Интер се радуваше на три големи трофеи.
Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.
Два месеци словенечкиот репрезентативец поминал на антибиотици. „Тоа беше прав пекол. Сериозно размислував да ја завршам кариерата“, рекол Јосип откако му откриле бактериско заболување.
Не е тој Кафу што мислите, бидејќи тој беше бек и се пензионираше на 38. Овој е анонимен напаѓач кој настапувал во Германија и Португалија, а сега игра во Кипар. Ако постои награда за ветеран на сезоната, него треба да му ја дадат без разлика кој ќе му конкурира. Четири очи отворите да му ги видите головите. Втора младост доживува дечково.
Палермо, каде играат нашите Илија и Александар не само што е готов за испаѓање, туку е и тим врз кој сезонава двајца напаѓачи од Торино и Лацио се вежбаа кој е побрз и успеаа да срушат еден рекорд на Шевченко.
Том Хенлон игра десен бек за шестолигашот Полок Џуниор од Шкотска. На мечот против Нилстон постигна три неверојатни гола и стана наследник на Синиша Михајловиќ чии три гола од слободен удар во дресот на Лацио се незаборавни.
Саутемптон со 4:2 го прегази Манчестер Сити. Садио Мане постигна хет-трик во триумфот на „Светците“ и на крајот како што обично е случај со трикратен стрелец, ја зема топката за спомен. Судијата Андре Маринер за малку ќе го растажеше.
Се играше првиот меч од полуфиналето на ЛШ. За Јуве против Монако тогаш настапија Перуци, Ди Ливио, Јулиано, Дешамп, Зизу, Давидс, Песото... Од друга страна играа Трезеге и Анри, а мечот заврши 4-1. Го реши Алекс со хет-трик.
Сенегалскиот напаѓач од Саутемптон постигна три голови за 176 секунди и на тој начин го сруши 20 години стариот рекорд на Роби Фаулер. „Светците“ ја демолираа Астон Вила со 6-1, а Саидо Мане беше прецизен од 13-та до 16-та минута.
Сенегалскиот напаѓач од Саутемптон постигна три голови за 176 секунди и на тој начин го сруши 20 години стариот рекорд на Роби Фаулер. „Светците“ ја демолираа Астон Вила со 6-1, а Саидо Мане беше прецизен од 13-та до 16-та минута.
Сенегалскиот напаѓач од Саутемптон постигна три голови за 176 секунди и на тој начин го сруши 20 години стариот рекорд на Роби Фаулер. „Светците“ ја демолираа Астон Вила со 6-1, а Саидо Мане беше прецизен од 13-та до 16-та минута.
Бразилецот Пато (25) беше троен стрелец и асистираше во победата на Сао Пауло против Капиваријан од 4:2. И ништо не би било чудно, да не беше тоа првиот хет-трик на поранешниот фудбалер на Милан во кариерата. Пато вчера за првпат во 2015 заигра во првиот состав, а во Сао Пауло е позајмен од Коринтијанс.