Ќе има ли триплета во Европа сезонава?

Само шест клуба и натаму го сонуваат најубавиот сон: освојување на тројна круна, подвиг кој малку кој низ историјата го остварил. Меѓу ретките шампиони е и нашиот Горан Пандев кој со Интер се радуваше на три големи трофеи.

„Требл“ или „Златен хет-трик“ во фудбалот означува освојување три трофеи од ист клуб во една сезона. По правило тоа се домашното првенство, домашниот Куп и континентален пехар. Најпрестижен „требл“ е оној кој вклучува и Лига на шампиони.

****

Прв клуб кој освоил европска „триплета“ е легендарниот Селтик. Во сезоната 1966/1967 Шкотланѓаните прво освоил Лига Куп на Шкотска (октомври 1966), па национален Куп на Шкотска (април 1967), потоа ја освоиле титулата во првенството (му избегале 3 бода на Ренџерс - постигнале 111 гола на 34 меча таа сезона).

Како шлаг на тортата дошол пехарот во Лига на шампиони (славје над Интер 2:1).

До ден денешен екипата на Џок Стејн останала единствена во европскиот фудбал која направила „златен покер“. Притоа нема многу земји каде се игра и Лига Куп, така што условите во кои Селтик го освоил „покерот“ биле нерамноправни со други првенства.

Следен клуб со „триплета“ бил Ајакс на легендарниот Кројф во 1971/1972 кога освоиле првенство, Куп и Куп на Европски шампиони.

Нивниот успех го повторил ПСВ Ајндховен со Гус Хидинк во сезоната 1987/1988. Последен тим кој успеал да направи златен хет-трик во ХХ век е Манчестер Јунајтед (1998/1999).

Во ХХI век „триплетата“ се повтори неколку пати. Во една сезона (2008/2009) доминираше Барселона на Пеп Гвардиола, а подоцна и Барса под водство на Луис Енрике во 2014/2015 (Ла Лига, Копа дел Реј и Лига на шампиони).

Интер на Жозе Мурињо и Горан Пандев стана апсолутен триумфатор во 2010 година (Серија А, Копа Италија и ЛШ). Во 2013 Баерн Минхен издоминира во Европа со Јуп Хајкенс (Бундеслига, ЛШ и германски Куп).

Во актуелнава сезона останаа само шест клуб кои имаат шанси за златен хет-трик. И само една има шанса за „златен покер“. Кои се тие клубови?

АЈАКС

Клубот од Амстердам секако има само теоретски шанси за да освои Лига на шампиони. Најпрво треба да го помине Реал Мадрид кој има предност од 2-1 од првиот меч (реваншот е во вторник).

„Копјаниците“ ќе имаат тешка задача и во домашниот шампионат каде ПСВ им бега 5 бода (Ајакс има и меч помалку). Најголеми шанси имаат во холандскиот Куп каде во финале ќе играат против Вилјем II.

ПОРТО

Португалскиот гигант го изгуби првиот меч во ЛШ против Рома (2-1), но уште има шанси да се пласира во четвртфиналето.

Во првенството ќе им биде многу тешко до крјот затоа што минатиот викенд изгубија дома од директниот ривал Бенфика со 1-2 и го изгубија првото место (разликата е два бода).

Во Купот на Португалија со една нога се во финале откако тимот на Сержо Консеисао ја совлада Брага со 3:0 во првиот меч од полуфиналето.

БАЕРН МИНХЕН

Ако го поминат Ливерпул (првиот меч во Англија 0-0), Баварците ќе имаат добри шанси за „триплета“. Во Бундеслига се бркаат за титула со Борусија Дортмунд, а пласман во пофиналето на Купот им е скоро гарантиран (во четвртфиналето играат против скромниот Хајденхајм).

ПСЖ

Парижаните, како по обичај во последните неколку сезони, уште во март-април ја слават титулата во првенство затоа што им бегаат 20+ бода на најблиските ривали. Вториот Лил заостанува 17 бода.

Во домашните Купови им остана уште еден сериозен ривал - Лион од кого изгубија во првенство. Во ЛШ стојат добро откако со 0-2 го добија Манчестер Јунајтед во Англија.

БАРСЕЛОНА

Каталонците и натаму се прв фаворит за освојување на титули во сите турнири во кои учествуваат. Минатата недела го исфрлија Реал Мадрид од Купот и ќе играат против Валенсија во финалето.

Во Примера имаат комфорни 7+ пред Атлетико Мадрид.

МАНЧЕСТЕР СИТИ

Пеп Гвардиола има одлична шанса да освои чудесен „требл“ и со Манчестер Сити. Така би станал единствен тренер во историјата кој два пати стигнал до „златен хет-трик“.

Во 2019 година Сити веќе го освои Лига Купот (против Челси случајот со Кепа). Во ФА Купот стигнаа до четвртфиналето, а во Премиер лига го надминаа Ливерпул на табелата.

Во ЛШ може да се носат со кој било ривал.