Какво екипиште имаше Интер во таа сезона 2009/2010. Мелеа нераѕурите на 3 форнта и освоија 3 вредни пехари за прва триплета во историјата. Меѓу сите тие ѕверки беше и Диего Милито кој со 2 гола во финале на ЛШ му донесе титула на Интер.
Горан Пандев, Самуел Ето, Диего Милито, Снајдер, Мајкон, Деки Станковиќ, Марко Матераци, Хавиер Занети, Иван Кордоба - каква банда предводена од Жозе Мурињо кои во 2009/2010 освоија Лига на шампиони, Серија А и Копа Италија.
Само шест клуба и натаму го сонуваат најубавиот сон: освојување на тројна круна, подвиг кој малку кој низ историјата го остварил. Меѓу ретките шампиони е и нашиот Горан Пандев кој со Интер се радуваше на три големи трофеи.