Во вторникот Аргентинецот влезе во Куќата на славните на Интер заедно со легендарниот голман Хулио Цезар, Бепе Бергоми и Естебан Камбијасо.
Интер организираше супер онлајн дружба на легендите во чест на влегувањето на наброените во Куќата на славните. Диего Милито е само третиот напаѓач во историјата на Интер кој сега е дел од Куќата на славни, после Џузепе Меаца и бразилскиот феномен Роналдо.
Прв којшто му честиташе на Милито беше неговиот партнер од нападот, нашиот Горан Пандев. Аргентинецот кој таа 2010-та беше меѓу најдобрите стрелци на светот, за капитенот на Македонија рече:
„Пресреќен сум што го слушам, фантастичен дечко и голем шампион. Кога дојде во јануари 2010-та многу ни помогна во тоа што го направивме. Играше прејако во сите клубови за кои настапуваше и денес навивам за него“.
„Тешко е да се опише со зборови тоа што го чувствувам, за мене денешниов ден е многу посебен, да се влезе во Куќа на славните на Интер со сите овие легенди е чудесно нешто, голема чест и многу сум горд. Им благодарам на сите посебно на навивачите кои ми овозможија да стигнам до тука.
Имав среќа да давам убави и важни голови, ама ако веќе треба да изберам посебен момент, би рекол дека тоа е вториот гол во финале на Лига на шампиони“, рече Милито на кого Горан Пандев му честиташе меѓу првите.