Бразилецот Пато (25) беше троен стрелец и асистираше во победата на Сао Пауло против Капиваријан од 4:2. И ништо не би било чудно, да не беше тоа првиот хет-трик на поранешниот фудбалер на Милан во кариерата. Пато вчера за првпат во 2015 заигра во првиот состав, а во Сао Пауло е позајмен од Коринтијанс.