Синоќа во Франција играа Монпеље и Лил. Гостите славеа 0-1 иако во 80’ минута Монпеље можеше да израмни на неферски начин. Откако домашните навивачи го гаѓале голманот на гостите Мајк Маињан со кеса кикирики, овој ја исфрлил топката во аут за да се пожали кај судијата. Ама овие си ја изведоа ко ништо да не било па Маињан мораше да спасува чист гол.