Фудбалот е живот за Ел Локо (’Лудиот’). Поради саканата игра, Биелса се откажал од политичка кариера, рано ја завршил играчката кариера и долго работел да стане тренер. А мотив му е: „Емоциите на навивачите е суштината на игра“, изјавил еднаш Марсело Биелса по меч на „Бомбонера“.
На домашниот стадион на Бока Јуниорс навивачите му свиреле сите 90 минути затоа што не го викнал нивниот идол Хуан Рикелме во репрезентацијата.
На ’Ел Локо’ не му е важно дали ќе му се воодушевувате или жестоко ќе го презирате. Од лето ќе го преземе Лил којшто се наоѓа во стабилната втора половина од Лига 1 (клубот е четврт во лига по посетеност), а стадионот ’Пјер Мору’ важи за еден од најбучните на северот од Франција.
Биелса е еден од најексцентричните тренери на планетата. Тој никогаш не е искрен со новинарите затоа што не може да ги толерира, но одговара на секое нивно прашање на прес-конференциите без исклучок.
Ако претседателот на Лил Жерар Лопез сака да го игра Роман Абрамовиќ и да му врши притисок на тренерот, утредента на работната маса ќе добие писмо со оставка од Биелса. Аргентинецот важи за некомпромисен борец кој секогаш има добар однос со играчите кои ги спроведуваат неговите замисли.
Една од многуте невообичаени специјалности на Биелса е договорот на една година. Тој е фудбалски романтичар кој не бара многу пари, но сака бескурпулозно да го спроведо во дело тоа што го наумил.
Неговиот недостиг на медали, трофеи и отсуства од евро-куповите се поради тоа што Ел Локо нема многу обзир за продолжување на договорот кој му истекува. Таму каде што не му се мешаа во работата и каде остана повеќе од една сезона, Ел Локо направи одлични резултати. На пример во Билбао и во Марсеј.
На Марсело Биелса парите не му се многу важни. Тој го пропатувал целиот свет со фудбалот и подобро знае да процени играч од било кој искусен скаут. Особено добро е запознаен со кадарот од Јужна Америка и Европа и лесно може да најде играч кој ќе го засили тимот за разумна цена.
За тоа колку ја сака работата зборува и фактот што иако нема потпишано договор со Лил, тој веќе почнал да ги гледа младинските категории, а последен од нив беше Гамбардела Купот, најголем турнир за млади играчи во Франција.
Додека беше во Марсеј, Аргентинецот имаше нелагоден однос со претседателот на Олимпик, Венсан Лабрун кој не му кажал колкав буџет за трансфери ќе има, туку и потпишал неколку играчи без согласност на Биелса. Иако бил многу лут, остана во екипата. Потоа му стигна понуда од Лацио со кој Ел Локо потпишал договор на крајот од сезоната а го раскина само два дена подоцна.
„Претседателот Лотито ми вети четири трансфери, а ниту еден од нив не оствари“, изјави Биелса лани летото.
За газдата на Лил ќе биде важно да не ги повтори грешките на претходните работодавци на Аргентинецот.
Откако дипломирал на инситутот за физичка култура, Биелса 10 години поминал на должноста тренер на младинскиот клуб, а потоа и како помошен тренер во Њуелс Олд Бојс. Во 1990. година станал и прв тренер, и тогаш Ел Локо ги вовел најтешките услови за подготовки. Ги терал играчите да тренираат на воена база.
“Ми спијат под свилени јоргани и сакате да дојдат на време на тренинг? Нема веќе, ќе ги доведам во ред и дисциплина“, објаснувал тогаш строгиот Биелса.
Покрај тоа Марсело барал од управата за гостувањата да ги наоѓа најевтините хотели поради што играчите биле во шок. Под негово водство Њуелс Олд Бојс два пати стана шампион на Аргентина и стигна до финалето на Копа Либертадорес. И сето тоа за само три сезони.
Поради тоа во 2009. година, стадионот на Олд Бојс беше преименуван во „Марсело Биелса“ во чест на извонредниот тренер. Таков пристап денес е тешко да се замисли, но некои фудбалери на Лил какви што се Ив Бисум или Фран Бериа спартанските методи на Ел Локо би можеле да ги доведе во ред.
За време на дуелите Марсело најголем дел од времети седи на кутија. Денес има 61 година и колената веќе не му биле како на млади години. На последното место каде што работеше - во Марсеј, фантастичниот тренер ја преместуваше кутијата за вода и сокови близу теренот за да ниту еден момент не ја изгуби играта од вид.
На тренинзите Ел Локо се возел со голф-кола која што е опремена со специјални сензори, монитор и далечинско со кое може да се обработува анализата на движењата на играчите. Интересно, како Марсело да патентирал ’Бјелсамобил’.
Како и да е, веќе од летово во светот на фудбалот се враќа еден од најхаризматичните ликови така што сите го чекаат почетокот на следната Лига 1.