Најјаката прослава на пласман во Лига на шампиони од Лил

Фудбалерите на Лил многу поемотивно го прославија пласманот во Лигата на шампионите, отколку Пари Сен Жермен титулата во францускиот фудбал. Браво момци, заслуживте елитен фудбал следната сезона.

Во 36. коло од француската Лига 1, Лил со 1:0 го совлада Бордо и де-факто обезбеди место во групната фаза од Лигата на шампионите. На две кола пред крајот Лил има 72 бода, а вториот Лион има 66. И во случај на две победи на Лион а два порази на Лил, пак ситуацијата ќе биде иста зошто Лил има подобра гол разлика (+32 наспроти +18).

Фудбалерите славеа и со навивачите по крајот од мечот:

 

Лил ќе игра во системот на Лигата на шампионите првпат после пет години. Во 2014 година испаднаа од Порто во квалификациите и играа во Лига Европа. А последен пат во групна фаза играа во сезоната 2012/2013. Тогаш беа последни во група со Баерн, Валенсија и БАТЕ.

Најпознати играчи од актуелниот состав на Лил се португалските браќа Жозе и Руи Фонте (првиот стана европско првак во 2016), 23-годишниот Французин Жонатан Бамба (12 гола во Лига 1), поранешниот шпиц на репрезентацијата на Франција и Челси, Лоик Реми (6 гола) и голманот Мајк Мењан благодарение на кој Лил прими само 30 гола цела сезона.

Тренер на Лил е Кристоф Галатје, кој дојде на крајот од 2017 наместо Марсело Бјелса кој замина ненадејно од клубот. Галатје прво го спаси Лил од испаѓање во првата сезона (2017), а синоќа прослави пласман во Лига на шампиони.

На прес конференцијата после мечот со Бордо играчите го полеваа со студена вода и така ја зголемија прославата:

13 мај 2019 - 12:34