Мавуба и Азар беа дел од Лил кога овој тим беше на врвот во Франција и предводен од тренерот Руди Гарсија се пласираа во Лигата на шампионите.
Во интервју за една француска телевизија, Рио Мавуба раскажувал како Еден Азар решил да организира журка вечерта пред неговиот проштален меч пред заминувањето во Челси. Следниот ден играле против Нанси.
„Еден одлучи да организира дружба со соиграчите вечер пред мечот затоа што му беше последна во Лил. Пиевме буквално цела ноќ а кога тренерот Руди Гарсија дојде во хотелската соба сфати дека Еден воопшто не склопил око цела ноќ“, се сетил 32-годишниот Мавуба.
И покрај тоа Руди Гарсија го ставил Азар во составот за средбата против Нанси а овој му вратил со хет-трик во триумфот од 4-1.
„Следното сабајле видов дека Еден уште е мамурен и пивнат. Но вечерта играше и замислете успеа да даде три гола! Човекот воопшто не спиеше, пиеше буквално цела ноќ и следната вечер дава три гола! Сите се гледавме во чудо и коментиравме - овој е неверојатен“.
Проценете сами дали Азар играл поднапиен: