Нередите на „Алијанц Ривиера“ во Ница во август распалија вулкан меѓу навивачите. Тогаш навивачите на Ница го гаѓаа Димитри Паје со разни предмети кај корнер знаменцето, овој замавна и им врати едно шишенце по што упаднаа во терен и почна голем неред.
Епилог беше одземен бод на Ница (условно потенцијално одземање уште еден бод), казна за Хорхе Сампаоли тренерот на Марсеј и едногодишна суспензија на неговиот соработник физиотерапевт.
После следуваше неверојатна реприза на „случајот Кантона“ кога центарфорот на Ле Авр, Калид Бутаиб на сред меч тргна кон трибините да се пресмета со еден навивач на неговиот тим кој го критикувал:
Во средата вечер, навивачите на Марсеј допатувале во Анже а управата на Олимпик предупредила дека нема доволно обезбедување и редарски служби на стадионот па лесно може да избие случај. Тоа и бидна.
Навивачите на Анже фрлале петарди во тн. „кафез“, секторот со Марсејците кои не останувале должни ни на многу поголеми и посериозни хулигански групи, па тргнаа да ја прескокнуваат оградата за да се пресметаат со домашните:
Les Marseillais viennent en découdre avec les Angevins #SCOOM pic.twitter.com/JpsfjTVTkf
— Matthieu Margueritte (@MattMargueritte) September 22, 2021
Мечот Анже - Марсеј заврши со досадни 0:0.
Пред неколку дена имаше и голем судир меѓу навивачите на омразените Ленс и Лил. Гостите дојдоа во голема бројка, па редарите не можеле да ги разделат.