Четворица навивачи на Лил се сериозно повредени и префрлени во болница откако заштитната ограда на гостинската трибина од стадионот „Де ла Ликорн“ се сруши за време на мечот Амиен - Лил во Лига 1 синоќа.
Управителот на болницата изјавил: „Нивните животи се надвор од опасност“ и додал дека бројот на повредени пораснал до 25.
„Ние сме силно загрижени за нашите навивачи. Лил има право да се жали на безбедносните услови за нашите навивачи на стадионот во Амиен. Се надеваме дека е утврдена одговорноста за инцидентот и дека нема веќе никогаш да се повтори“, вели извршниот директор на Лил Марк Ингла.
Моментот настана на самиот почеток, во 15-та минута кога Фоде Бало-Туре му донесе водство на Лил и тргна кон своите навивачи зад голот за да прослави. И навивачите тргнале кон оградата за да го прослават голот со стрелецот, но под притисок оградата попуштила и тие испопаѓаа.
Многу од нив се вратија на трибините, а некои останаа на теренот каде им беше пружена прва помош.
Претседателот на Лил, Бернар Жоанин изјави синоќа: „Фудбалот треба да носи радост и полицијата не предупреди дека 200 жестоки ултраси дошле на трибината предвидена за навивачи на Лил. И тие се однесуваа несоодветно во бариерата која што беше во одлична состојба. Замислете во еден момент 500 луѓе сакаат да се симнат надолу на теренот. Официјалните луѓе од лигата треба сериозно да размислат за гостински навивачи“