Освен навивачите на Челси, за момците на Сари синоќа навиваа и две екипи од Франција и Австрија, како и нивните фанови. Зошто?
Со оглед на тоа што Сините од Лондон веќе имаа обезбедено пласман во ЛШ како четвртопласирани во домашното првенство, според правилата на УЕФА место се отвора за клуб од држава која се наоѓа на петта позиција според коефициентот.
Во случајов тоа е Франција од каде директен пласман во елитата покрај ПСЖ и Лил, обезбедува и Лион. Тие завршија на третата позиција која им носеше квалификации, но вака имаат директно учество во групната фаза од каде почнуваат убавите пари за делење.
Другата екипа која ќе профитира од поразот на Арсенал е ЛАСК. Второпласираниот австриски претставник има обезбедено место во квалификациите за ЛШ, но со поразот на Арсенал тоа значи дека ќе почне од трето квалификациско коло.
И во случај да не успеат да стигнат до групната фаза од најелитното клупско европско натпреварување, Лига Европа не им бега.
LASK will be delighted with the result in Baku as Chelsea's victory over Arsenal means LASK will enter the #UCL qualifiers at the 3rd round stage, meaning AT WORST they will make the #UEL group stages next season!
— Tim Armitage (@FRfussballTim) May 29, 2019
I wonder if this could persuade 1-2 key players to stay...