Манчестер Јунајтед е главен фаворит, но Лион се поставува како најреална закана, додека Селта Виго сака да ја продолжи неверојатната шпанска доминација во ова натпреварување.
Фудбалерите на Бешикташ имаа предност од 0:1 на гостувањето во Франција уште од 15-та минута на последниот четвртфинален меч од ЛЕ кој доцнеше поради инциденти. Водството на Турците им пропадна во вода во 83-та и 85-та минута, а Фабри им подари гол на домаќините.
Стотици навивачи на Олимпик Лион влегоа на теренот и го одложија стартот на мечот против Бешикташ. Француските хулигани дивееле и на трибините каде нападнале гостинска публика меѓу кои имало и семејства со деца. Наводно сè започнало откако група навивачи на Бешикташ фрлала бакљи и петарди врз домашните симпатизери на долната трибина.
Лион го декласираше Тулуз со 4:0, а Мемфис Депај изведе страшна лудорија од половина терен со лоб удар кој не се гледа баш често. Кој ли очекуваше дека ќе ја дувне вака душмански од позиција од која обично никој не шутира во гол.
Дури 20 гола паднаа на 5 натпревари во терминот од 21 часот во Лига Европа. Олимпијакос и Бешикташ ќе решаваат во Истанбул, а Лион во судиското продолжение со евроголот на Лаказет ја совлада Рома.
Полека но сигурно кинескиот капитал ја преплавува Европа. Кинези стануваат газди на француски, англиски, италијански и шпански фудбалски клубови, а „опипуваат“ терен и за влез во НБА, НХЛ, МЛС во САД.
Францускиот репрезентативец Метју Валбуена на мечот Лион - Лил (1-2) промаши нешто што се случува еднаш или ниеднаш во кариерата. Лион на крајот загуби и сега заостанува 8 бода од третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.
Од најелитните места во светот, Емануел Адебајор во моментов тренира во својот Того и игра фудбал со другари по прашливите терени. Тоа го правело среќен затоа што му помагал на својот народ кој го сака повеќе од претседателот на државата.
Адриано е прав пример за Бразилец на кој парите од фудбалот му удрија во глава и потоа тргна по лош пат. На тоа имаме еден контра пример на играч од истата земја за кој до сега не сме пишувале или па можеби ги има повеќе, но не сакаат да се фалат.
Кога дошол од сиромашниот дел на Камерун во Лион, не знаел да плива и седел во малиот базен, учел да вози точак со еден од соиграчите од детството, но на теренот со пожртвуваност и храброст заслужи да стане нов фудбалер на еден од најголемите светски клубови.
Како мал големите француски клубови го одбивале со изговор дека „е низок и дека е слаб по конституција“, а прв кој го забележал неговиот талент бил еден француски скаут од Реал Сосиедад. Сестра му била на концертот во Батаклан каде Исис уби 90 луѓе.
По Марсеј, хулиганскиот фронт се префрли во Лион каде вчера и денес се судриле Словаци, Англичани и поединци навивачи на Лион иако францускиот клуб соопшти дека нивни навивачи не биле инволвирани во нередите.
Европското 2016 ќе се игра на 10 места ширум земјата. Франција потрошила околу 1,6 милијарда на изградба на пет нови и реновирање на веќе постоечките стадиони. Единствено Стад де Франс остана негибнат, а на него ќе се отвора и затвора првенството.
Пред нас, за десет дена е најголемиот овогодишен фудбалски спектакл. 30 дена фудбал, пиво, грицки, по некој тикет и навивање за омилените селекции. Што сè треба да нè интересира во врска со Европското?
Лион го победи ПСЖ 2:1 и на тој начин му ја прекина серијата од 36 натпревари без пораз. Веројатно слабата игра на Парижаните беше причина Златан да го турне Јанга-Мбива и да му се смее цинично.
Стегнатоста и стравот од терористичките напади пројде. Во Лион во саботата на големо се прослави отворањето на новиот стадион Стад де Лумиер со мечот Лион - Троа.
Некогаш важеше за најдобриот плејмејкер во Европа, го споредуваа со Зидан, но на крајот му засметаа миланските светла, стана подложен на тешки повреди и кариерата не ги исполни очекувањата.
Кога на едно место ќе се спојат источната и западната култура се добива контраст од многу нешта. Марсеј е градот кој живее за Олимпик, некогашниот европски шампион и град кој ќе пречека една групна фаза од ЕП 2016.
Во пресрет на ждрепката за групите на Европското првенство 2016-та, која ќе се одржи на 12. декември во Париз, ќе ги разгледуваме градовите домаќини на континенталниот турнир. Стадионите веќе ги запознавме, а од градовите прва е Ница.
Во вторник и среда вечер се игра последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Отворени се седум места за последниот воз во кој веќе влегоа девет екипи.