Пред почетокот на мечот, на пат до стадионот навивачите ги преполнија трамваите.
„Ние сме Олимпик Лион“
Пред главниот влез е и Фан шопот
Ова е Алеата Лумиер. Тука може да ги видите фотографиите на сите поранешни играчи на клубот. На пример без проблем ќе ги препознаете Жунињо Пернамбукано, Жереми Тулалан и Сони Андеррсон. Овде може да купите и картичка со вашето име коа ќе стои во Алеата. Цената изнесува 79,17 евра.
Претседателот на клуб Жан-Мишел Ола и делегецијата гости меѓу кои и претседателот на француската фудбалска лига, Фредерик Тирез ја пресекоа лентата.
За кратко време стана познат и авторот на првиот гол на Стад де Лумиере. Детето на Лион и најдобриот стрелец во француското првенство од минатата сезона, Александар Лаказет.
Таа вечер Лион ја здроби Троа со 4-1. Статусот на табелата на противникот и не беше толку важен, колку што беше важна прославата на новата победа.
После мечот, публиката ја забавуваше will.i.am, членот на групата Блек Ајд Пис кој застана зад пултот за ди-џеј.
Народот уживаше и спремно ќе го дочека Европското првенство следната година
Претседателот на клубот, Жан-Мишел Ола му подари на гостинот од САД дрес, а овој се одушевил со поканата да учествува на настанот и изјави дека ќе се врати повторно во Лион.
Ол Парк како што навивачите го викаат новиот стадион е изграден на периферијата на Лион, во општината Десин-Шарле. Новиот дом на Олимпик може да прими дури 60.000 луѓе и е трет по ред најголем стадион во Франција, по Стад де Франс во Париз и Велодром во Марсеј.
Проектот за ова модерно здание се појави уште во 2007. година, но клубот не беше во можност да ја започне изградбата поради потешкотии со локалните власти и изворот на финансии. Жан-Мишел Ола планирал новиот стадион да генерира приход од 100 милиони евра по сезона, но последните информации говорат за многу поскромни приходи. Се очекува пет години после отворањето на Стад де Лумиер приходот да биде најмалку 70 милиони евра по сеззона. Легендарниот Жерлан имаше 21 милион евра приход по сезона.
Вкупните трошоци за изградба на стадионот изнесуваат близу 640 милиони евра, додека стадионите кои се градат во Русија за СП 2018 чинат многу поскапо. Подготовките за изградба на стадионот во Лион започнале на 22. октомври 2012-та, а првиот камен темелник е фрлен на 12. ноември 2013-та. И покрај фактот дека отворањето се одржа на 9. јануари, крајот на сите работи ќе биде до крајот на овој месец. Во секој случај, стадионот сега изгледа спремен за најголемите средби.