Европското 2016 ќе се игра на 10 места ширум земјата. Франција потрошила околу 1,6 милијарда на изградба на пет нови и реновирање на веќе постоечките стадиони. Единствено Стад де Франс остана негибнат, а на него ќе се отвора и затвора првенството.
Стегнатоста и стравот од терористичките напади пројде. Во Лион во саботата на големо се прослави отворањето на новиот стадион Стад де Лумиер со мечот Лион - Троа.