Приказна за фудбалскиот пат на Самуел Умтити

Финалистот на Европско од Камерун кој Барса го купи за 25 милиони

Кога дошол од сиромашниот дел на Камерун во Лион, не знаел да плива и седел во малиот базен, учел да вози точак со еден од соиграчите од детството, но на теренот со пожртвуваност и храброст заслужи да стане нов фудбалер на еден од најголемите светски клубови.

Карлес Пујол е уверен дека летово Барселона оствари луксузна зделка:
„Умтити е одлично технички поткован дефанзивец и право засилување. Доволно е агресивен и храбар, знае да одигра на прва. Имаше олдични податоци за неговата контрола на играта од длабочина. Покрај тоа има одличен пас што е многу важно за секој иргач кој игра во Барселона. Мислам дека ќе биде одлично надополнување на Пике, Маскерано и Матје“, изјави некогашниот капитен на Блауграна за трансферот на младиот фудбалер за кого Каталонците на Лион му платија 25 милиони евра.
Тешко дека некој нема да се согласи со Пујол. 22-годишниот стопер на Лион и француската репрезентација игра комотно и лев бек и веќе неколку години е еден од најперспективните млади фудбалери во Европа.
 
Самуел Умтити тргнал во академијата на Олимпик Лион во 2002. година - во време кога неговото семејство веќе се привикнало на Лион по преселбата од камерунскиот главен град Јаунде (2,5 милиони жители) кон крајот на '90-те години. 

Сем (прекарот од Самуел) кој е најмал од четирите деца на семејството Умтити како мал играл лево крило во „Менивал", локален клуб од петтата област на Лион во кој Умтити го забележале скаути на детската екипа на Олимпик Лион.

„Умтити во детството беше многу скромен. Непознати луѓе не можеа од него да извлечат ниту два збора - така го воспитала мајка му. Но и покрај скромноста, отсекогаш сакаше да стане професионален фудбалер и се обидуваше со сите сили. Во останатите спортови не беше така добар. Се сеќавам добро кога купив нов велосипед и Сем ме убеди да се повозиме. Седев на шипките кога пред нас пројде кола, во еден момент скокнав, а тој не успеа. Се истумба и падна врз мене. Болно удрив во асфалтот а тој се извинуваше.

Во друга прилика отидовме да пливаме, иако тој не знаеше па цело време го помина во малиот базен со мојот помал брат каде можеше да допре со нозете до дното", раскажува за France Football Себастијан Флошон, другар на Самуел од детството и играч на „Менивал".

На теренот Умтити бил многу похрабар. Неговата прекоманда во одбраната не била преку ноќ. Најпрвин тренерите на академијата на Лион го играле во средината од теренот, а потоа кога Лион гостувал на еден меч против Санлис, на северот од Франција, екипата останала без играчите во одбраната, поради што Умтити се вратил на стопер за да ја пополни празнината.

„Самуел беше на висина на задачата. Ме потсеќаше на Мариус Трезор (легендарен француски стопер од '70-те години). Играше многу паметно и носеше прави решенија, без страв", се сеќава Сирил Долче, тренер во младинската школа на Лион кој за повеќе од 20 години работа ги избрусил бисерите: Карим Бензема, Лоик Реми, Максим Гоналон, Алекс Лаказет, Клеман Грение, Корентин Толисо, Самуел Умтити и многу други ѕвезди.

Пред неговото деби за првиот тим на Лион, Самуел ја добил капитенската лента во младинските состави и играше за репрезентацијата на Франција во разни возрасни категории заедно со Пол Погба, Курт Зума и Жофри Кондогбија. Единствена непријатност за Умтити беше што го исклучија на мечот против Гана и стоперот не можеше да игра во финалето. Но затоа триумфално го пееше хитот на Ријана „Diamonds" после мечот.

Тогаш, во 2012-та, Самуел стана стандарден лев бек во Лион. Иако се започна добро по него по Мундијалот У-20, сепак тимот бележеше нестабилни резултати и ги загуби првите три од пет меча на кои Умтити беше на теренот. Но Умтити играше добро а неговата најсилна страна од тогаш станаа продорите низ средината и долгите топки како оние на Чаби Алонсо или Стивен Џерард.

Второ, брзината и техниката му се одлични. Умтити не само што му помага на тимот во нападот, туку и ги осигурува централните стопери со тоа што одлично ја чита играта.

Покрај тоа Самуел иако не е габаритен како Пике или Тери (Французинот е висок 1,81см), но активно добива воздушни дуели. Минатата сезона Умтити освојувал во просек 3,2 од воздушните дуели за 90 минути што е далеку подобро од воздушните дуели на Пике (2,02 добиени - 62%), Хавиер Маскерано (1,24 - 60%), Серхио Рамос (1,81 - 70%) и Пепе (2,72 - 69%).

Што се однесува до украдените топки и лизгачки стартови, Сем Умтити е нешто зад Серхио Рамос и Маскерано.

Покрај Барса, исто и Реал, Милан, Арсенал, Наполи и Монако (секако и репрезентацијата на Камерун за која Умтити одбил да игра и покрај молбите од легендарниот Роже Мила) во 2013-та почнале активно да го следат. Особено добро Самуел одигра против Тотенхем во Лигата на Европа кога во 54. минута од мечот на „Вајт Харт Лејн" со подобрата, лева нога го даде најубавиот гол на сезоната во ова европско натпреварување.

Половина година подоцна, повторно на меч од Лига Европа, овојпат против Чесите „Млада Болеслав" постигна неверојатен погодок:

Во ноември Умтити наполни 23 години, но и покрај тоа веќе има огромно искуство со преку 150 меча за првиот тим на Лион како во првенството, така и во Европските купови. На теренот Сем е спокоен и фокусиран, сака да биде лидер, па така благодарение на неговата зрела игра во првиот тим го истисна од составот новодојдениот Јанга-Мбива. Иако е сериозен во ликот, Умтити редовно се забавува со соиграчите кои не го штедат:

Единствена сомнителна сцена, Умтити направил пред три години, кога се забетонирал во првиот тим и се почуствувал себеси незаменлив. По еден тежок пораз на Лион на почетокот на сезоната, Умтити дошол на тренинг со „Мазерати" на кое пишувало „Сем 23". Тогаш капитенот Максим Гоналон бесно реагирал и му објаснил дека мора да биде малку поскромен и пристојно да се однесува пред навивачите.

Од тогаш, Умтити станал навистина незаменлив и со 23 години стана лидер на еден од најголемите клубови во земјата. Сега за само една недела дебитираше за Франција во четвртфиналето на ЕП против Исланд и потпиша договор со Барселона.

„Умтити брзо ќе се пронајде себеси во Барселона, затоа што веќе повеќе од една сезона игра на високо ниво. Сега е лидер, има искуство зад него и заслужи повик од еден од најголемите клубови", изјави пред некој ден Крис, поранешниот капитен и легенда на Лион кој во Франција играше осум години.