Изминатиот септември медиумскиот простор беше полн со веста дека Емануел Адебајор дошол на преговори со Лион каде побарал виски и во раката држел цигара.
Јавноста не се изненади - што друго да се очекува од фудбалер кој за шест месеци одигра 12 меча а останатото време живееше во Африка без екипа? Но се испостави дека Адебајор не забегал и дека нормално живее. Неговиот имиџ редовно беше меѓу главните вести на францускиот сајт за пародија Footballfrance.fr, кој меѓу другото на Ница ѝ додели Нобелова награда по економија за трансферот на Марио Балотели.
Францускиот медиуми го цитираа и претседателот на Лион за желбата на Адебајор да оди на тренинг со хеликоптер, да добие куќа со поглед на Корзика (да, од Лион) и да добие готвач со Мишленова ѕвезда (најпрестижна награда во кулинарствоти според легендарниот француски водач за ресторани Мишлен кој е најценетиот систем за рангирање ресторани и кујни)
„На тој состанок пиев само вода и не барав виски или цигари“, промрорел луто Адебајор.
Во секој случај, Лион и Тогоанецот не се договорија затоа што Французите на крајот се одлучија за некој млад напаѓач и на Емануел не му гарантирале место во првиот тим. Сега кариерата на Африканецот е замрзната, тој не најде тим и живее во Того. Како изгледа тоа?
Лични тренинзи
Во септември 2015 година Тотенхем конечно се ослободи од Адебајор така што заврши атмосферата со вечни пцовки и навреди. Но аранжманот што го направија Спарси ги примора да му плаќаат 100.000 фунти неделно иако договорот беше раскинат. Емануел можел среќно да ги отвора смс пораките од банка и ништо да не работи, но очајно му фалела кондиција и физички не бил спремен.
Адебајор сега тренира два пати дневно. Сабајле - неколку часа физичка подготовка или вежби за издржливост, а попладне работа со топка. Во Ломе’, главниот град на Того Адебајор најмил познат персонален тренер кој му помага да ослабне и да се затегне.
„Во Емануел нема ниту грам вишок килограми. Процентот на масти во телото му е како на врвен спортист“, рекол тренерот на репрезентацијата на Того Том Саинтфит.
„Таму каде што сум роден не најдов сериозни тренери, но можно е да работите и без нив. Сакам да играм многу. Јасно дека Того не е ни близу на нивото на Премиер лгиата, но јас тренирам како да сум во Англија“, раскажувал Адебајор.
Според главниот тренер на репрезентацијата на Того, во земјата повеќе од една година немало фудбалско првенство, па Адебајор сам организирал пријателски средби со професионални фудбалери. Овие мечеви фитнес тренерот Сантфит ги гледал седнат на стол под дрво.
„До заминувањето во Европа, играв само на вакви терени - груби, без трева, со прашина, со дупки. Сега одново играм овде и никој не зборува за мојата пауза од 7 месеци“, изјавил Адебајор.
Така зборуваше и на почетокот на 2016. година, но не ја достигна целта. За неколку месеци во Кристал Палас постигна само еден гол и потоа пак никому не беше потребен.
Пари
100.000 фунти неделно не значи само луксузен автомобилски парк и колекција на часовници вредни 450.000 фунти (најскапиот Hublot Big Bang King Power Chrono Tourbillon вреден 100.000 фунти).
Адебајор има голем хуманитарен фонд SEA Foundation кој се занимава со развојот на најсиромашните региони во Того. Во блиска иднина намерата на Адебајор му била да разговара со претседателот на Того за соработка на државно ниво.
„Ќе дадам се од себе да им помогнам на луѓето. Тие ме ценат и ме сакаат во секое село и тоа ме радува. Можам да го искористам својот лик и дело и да барам повеќе пари, но никогаш не сум го правел тоа. Сакам да ја користам својата заштедевина. Многу сум и должен на мојата земја и на целиот континент“, вели Адебајор.
Познато е дека Адебајор ја спонзорирал изградбата на школо и болница а на властите во два града во Гана им набавил два апарати за исмпумпување на вода. Весниците во Того неколку пати пишувале дека Тогоанците му веруваат повеќе нему отколку на претседателот. Во близина на неговата куќа редовно доаѓаат луѓе кои сакаат да го видат. Со некои разговара а на некои им дава и пари.
„Морам да заработам за да спасувам животи во Африка“, рече еднаш поранешниот фудбалер на Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхем и Кристал Палас.
Еве како го пречекуваат во секое место во Того: