Во сезоната 2001/2002 Реал со Зидан и Роберто Карлос ја освои Лигата на шампионите, но подоцна долго време имаше сушен период.
СЕЗОНА 2004/2005: тренер Мариано Ремон и гол на Залаета во продолженија
На почетокот на оваа сезона Реал со тешки маки ја пројде групата со Динамо Киев, Баер Леверкузен и Рома. Најмногу ги погоди пораз од Баер 3:0 кога блесна младиот Димитар Бербатов.
Второто место во групата не му се допадна на Флорентино Перез, па веќе во декември го отпушти тренерот Мариано Рамон и го назначи Вандерлеј Лушембурго.
После пар дена Реал го дозна противникот во осминафиналето - Јувентус. Во тој момент „бјанконерите“ беа еден од најмоќните состави во Европа: Дел Пјеро, Буфон, Ибрахимовиќ и Недвед.
После израмнети дуели, мечот се реши во продолжение кога Јуве помина понатаму благодарение на голот на Марсело Залаета.
СЕЗОНА 2005/2006: Венгер и оставка на Перез
Во нокаут фазата Реал оваа сезона налета на супермоќниот Арсенал кој ја играше можеби најдобрата сезона во историјата. Анри, Хлеб, Рејес, Јунберг и Пирез можеа да победат кого сакаат во Англија, но идејата им беше Лига на шампиони.
Перез претходното лето го викал Арсен Венгер во Реал, но Французинот одбил. После 180 минути двомеч, екипите дадоа само еден гол (Анри во Мадрид) и Реал втора година по ред испадна во осминафинале.
Неколку дена по испаѓањето, Реал изгуби и од Мајорка во првенството и Перез даде оставка. Како главна причина го наведе слабиот резултат во Лига на шампиони.
СЕЗОНА 2006/2007: Ван Нистелрој, Баерн и отказ на Капело
Новиот претседател на Реал, Рамон Калдерон моќно се спремаше за поход кон трофејот во ЛШ: во летото 2006 го доведе тренерот Фабио Капело и најдобриот стрелец од претходната сезона во ЛШ, Руд ван Нистелрој.
Проблеми се јавиле уште во групна фаза. Реал изгубил и играл нерешено со Лион, тогаш хегемон во францускиот фудбал како денес ПСЖ.
Главни ѕвезди на тој Лион беа Жунињо и младиот Карим Бензема. Реал заврши зад нив во групата и во осминафинале му падна Баерн.
Ждрепката беше на прв поглед одлична, затоа што тогаш со Отмар Хицфилд Баерн ја играше можеби најслабата сезона во 21 век (завршија четврти во Бундеслига).
Реал победи дома 3:2, а во Минхен Баерн се осоколи и славеше 2-1 за палсман во следна рунда.
Ново испаѓање и нови откази: Реал првпат после четири години ја освои титулата во Ла Лига но раната елиминација од ЛШ го чинеше Капело на крајот од сезоната.
СЕЗОНА 2007/08: Холандски суперѕвезди и Бернд Шустер
Летото 2007 во Мадрид имаше моќен холандски десант: клубот се засили со Робен, Дренте и Весли Снајдер. Но ждрепката ги разочара хејтерите на Реал: група со Лацио, Олимпијакос и Вердер.
„Кралевите“ под водство на нервозниот Германец Бернд Шустер освоија 11 бода и го освоија првото место пред Олимпијакос.
Во 1/8 финале на Реал му се падна Рома која играше супер сезона со Лучано Спалети. Иако по имиња далеку појак, Реал изгуби 2:1 на двата меча и четврта година по ред испадна во раната фаза на осминафиналето.
СЕЗОНА 2008/09: Хуанде Рамос и 4:0 во Ливерпул
Во групната фаза од оваа сезона видовме класичен Реал од тоа време кој победуваше лесно против послаби екипи (Зенит и БАТЕ Борисов) но не можеше со сериозни ривали (два порази од Јуве со Дел Пјеро).
Ни не помислувал Реал на кошмарот кој го чека. Во 1/8 финале им падна Ливерпул на Рафа Бенитез. Тогаш Ливерпул беше „на најјако“: во последните години два пати стигнаа до финале на ЛШ, а во тимот ги имаа Торес и Џерард.
Во Мадрид Ливерпул славеше со голот на Јуси Бенајун а дома го понижи Реал со 4:0. Гол даде дури и левиот бек Андреа Досена кој ретко играше во првиот тим.
СЕЗОНА 2009/10: Роналдо, Кака, Бензема и Лион
Во летото 2009-та „Јово наново“. Флорентино Перез се врати во претседателска фотеља и најави раѓање на „галактикос“.
Перез бил жеден за триумф во Лига на шампиони и ги купил Кака и Роналдо. Реал тогаш лесно ја пројде групата, заврши прв во амбиент каде Милан со италијанските пензионери му беше најсериозен противник, а Цирих и Марсеј не можеа да се носат со гигантите.
Во 1/8 Реал првпат за шест години доби полесен противник - Лион. Клубот кој многу години доминираше во Франција во ЛШ никако да пројде повеќе од прва рудна. Главната ѕвезда Карим Бензема тоа лето прејде во Реал.
Во Франција „Кралевите“ изгубија 1:0 со голот на Камерунскиот стопер Жан Макун.
Пред реваншот малку кој сомневаше дека Реал нема да ги сомеле гостите. „И кога губиме со 0-3 нашите навивачи секогаш ќе бидат со нас. Ќе биде ова волшебна вечер на „Сантијаго Бернабеу“, изјавил Серхио Рамос пред мечот.
Реал имал повеќе шутеви кон противничкиот гол 18:6 но мечот заврши нерешено - Роналдо и Пјаниќ беа стрелци. Испаѓањето од Лион беше епско шестгодишно по ред за Реал Мадрид.
Следната сезона веќе изгледаа постабилни. Во групна фаза собраа 16 бода - ги прегазија Оксер, Ајакс и Милан со гол-разлика 15:2. Во плејофот пак им се падна Лион но овојпат му вратија со 4:1 во двомечот. После бесот го осети Тотенхем (5:0), но во полуфинале испаднаа од Барселона на Пеп Гвардиола.
Последен пат Реал толку далеку како тогаш стигна во сезоната 2002/2003.