Француско дерби со 3 гола, сите празник за очи

Фудбалерите на ПСЖ по 22 минати кола го загубија вториот меч во првенството и тоа од Лион кој сега е на -8 на втората позиција. Головите кој од кој поубав. Одиме со ред.

Набил Фекир по само 2 минути игра застана да изведува слободен удар од позиција од која обично се нафрла. Арно ама...

ПСЖ израмни во 45-та минута преку Левен Курзава. Ќе речеш бек, ама волејов е партали.

И врв на мечот беше последната 4-та минута од судиското продолжение и мајсторискиот гол на Мемфис Депај за конечни 2:1 против скапите ѕвезди.

22 јануари 2018 - 09:57