Toujours la Ligue 1 le championnat de la honte ou il est interdit de dribbler son adversaire mdr pic.twitter.com/11QBL9joMk
— glory university (@BigGucciSosv) September 22, 2021
„Епизодава е многу тажна, да се добие жолт картон поради дриблинг. Техничкиот потег кој го прави е решение во овој случај, не е важно каде го прави потегот и во која минута го прави. Ова ми се случи мене минатата сезона.
Сезонава му се случува на Пакета, искрено не го сфаќам вистинскиот мотив за ова. Полека умира „жога бонито“ (убавиот фудбал). Уживајте додека можете, напиша Нејмар на објавено видео од моментот на средбата во Лион.
Судијката Стефани Фрапар стана прва жена судијка во француската Лига1 и во Лига на шампиони. Жолт картон наводно му дала на Пакета поради „омаловажување и непочит на противникот“ што е пропишано во правилата. Повеќе за Стефани прочитајте овде.