Првпат во историја жена ќе суди во Лига на шампиони, тренира строгост пред огледало

Французинката Стефани Фрапар (36) продолжува да импресионира. Таа вечерва на 2 декември ќе стане првата жена која што ќе суди меч во Лига на шампиони: Јувентус - Динамо Киев.

Фрапар се појави во француската Лига 1 во пролетта минатата година (претходно судела на 80 меча во машката Лига 2) и нејзината кариера многу брзо се развила.

Во јули 2019 година Фрапар го судеше финалето на женската Лига на шампиони во Лион и добила одлични оценки.

Во август минатата година стана прва жена која што го судеше финалето на УЕФА Супер Купот меѓу Ливерпул и Челси. Тогаш поништи два гола - на Пулишиќ во прв дел и на Мејсон Маунт во втор. И таму имаше спорни офсајди, а свирна и сигурен пенал од голманот Адријан над шпицот Абрахам. 

ПРВА ЖЕНА ВО ИСТОРИЈА ШТО ЌЕ СУДИ МЕЧ ВО МАШКА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Стефани Фрапар е ниска по раст (има 164 см и тежи 54 килограми). Но во едно свежо интервју за Л'Екип таа раскажала како држела социјална дистанца уште пред фамозната социјална дистанца со вирусот.

„Мојот раст е 1.64, но на терен никогаш немам проблеми поврзани со тоа. Користам некои финти за да не се најдам во незгодна положба. Научив социјална дистанца т.е. растојание поголемо од еден метар меѓу мене и играчите за да не може да ме гледаат од високо. Оваа дистанца ми дозволува да не се најдам во подредена положба.

Најважен за мојата работа е мојот став. Може да пренесе поефектевно соопштение отколку зборовите. Работам на тоа: се проверувам пред огладало или пред најблиските. Изгледот треба да биде таков за да се утврди авторитет, да се осуди поведение или да демонстрираш сочувство“, вели Стефани Фрапар.

Во интервјуто таа објаснува и како се справува со незгодни ситуации:

„Ако играч се дере на мене, искуството ме научи дека тензијата ќе ја спуштат само спокојни зборови од моја страна. На терен женственоста може да биде предност во гаснење конфликти. Секогаш носам дискретна шминка не го сметам тоа за предност. Играчите треба да гледаат судија, а не пол.

Освен „господин-судија“ досега не сум имала сексистички изјави од играчите или обиди за флерт.

Не ми е тешко да следам машки натпревари. Секој ден имам најмалку еден или два тренинзи за брзина, интензивност, издржливост, избегнување повреди, аеробни вежби, истегнување, трчање... 

На стадион често тренирам сама, а за претрчаните километри се грижи кондиционен тренер од фудбалската федерација (FFF), плус имам и личен тренер.

Фудбалот секогаш беше дел од нашето семејство, секоја недела кога одевме да го поддржиме татко ми на стадион. Кога тргнав во прво одделение играв фудбал во школскиот двор, а на 10 години почнав да тренирам и во клуб. Многу сакав да се натпреварувам.

Сакав да носам копачки, мислам дека ги победував сите.

Од школски денови не успеав да ја решам срамежливоста, но судењето ми помогна малку да се ослободам од тоа. Срамежливоста ми помогна да не завземам премногу простор на теренот. Ме натера да не им ја крадам главната улога на играчите кои се главни ѕвезди на теренот. Може да се каже дека мојата срамежливост го одреди моето држење како судија меѓу спокој и ведрина“.

Признава дека наишла и на незгодни ситуации но дека се труди да ги заборави. Во 2015-та тогашниот тренер на Валенсиен Давид Ле Фрапе после еден меч во Лига 2 рекол:

„Имаше чист пенал ама судијата не го виде. Можеби се лизгала на копачки. Тешко е кога си жена и ќе дојдеш да судиш машки спорт“ 

Тренерот после се обидел да и се извини, но Фрапар ги избегнувала неговите повици и никако не ја коментирала ситуацијата.

„Она е борец. Сосема сама е во машки свет. Кога зборуваме за сексисти, не е тоа само тренер или играч. Меѓу моите коелги судии досега имаше неколку луѓе кои прашуваа што бара таа тука“.

Еден од првите наставници на Стефани во судискиот свет бил Жан-Клод Ле Паж кој рекол дека предрадусите и сметале на стартот.

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин верува дека Фрапар ќе инспирира и други девојки-судии да тргнат по нејзиниот пат. „Се надевам дека вештината и посветеноста благодарение на која Стефани ја води кариерата на највисоко ниво, ќе инспирира милиони други девојчиња и жени во цела Европа да покажат дека ништо не треба да им стои на патот до сонот“.