Лудница на Олд Трафорд со 9 гола на која точка стави Мегваер во 121 минута

Човекот кој го критикуваа, омаловажуваа и душа му извадија по медиуми и социјални мрежи е практично херојот на Манчестер Јунајтед. Хари Мегваер го комплетираше еден од најјаките пресврти во историјата на клубот и европските натпреварувања. Нереално.

Манчестер Јунајтед е полуфиналист во Лига Европа и е на 180 минути од трофејот кој ако го освојат, ќе обезбедат директен пласман во Лига на шампиони и на некој начин ќе ја спасат мизерната сезона.

Во реванш четвртфинале, го елиминираа Лион со 5:4 на најлуд можен начин после оние 2:2 на првиот дуел. Резултатот на Олд Трафорд беше ролеркостер за инфаркт или: 2:0, па 2:4 и на крај 5:4.

Со головите на Угарте и Дало, Јунајтед на полувреме имаше водство од 2:0, но Лион во 71 и 77 минута преку Толисо и Таљафико ги постави конечните 2:2.

Во продолжението од 30 минути за прв пат во историјата на Лига Европа паднаа 5 гола, нешто што никој не го очекуваше ни на сон.

105-та и 110-та беа донесоа шок за домашните навивачи, бидејќи Лион со головите на Шерки и Лаказат стигна до 2:4.

Но за Манчестер Јунајтед мечот како допрва да почнуваше. Следуваа 7 епски минути со три гола. 114 минута - Фернандеш за 3:4, 120 минута Менју за 4:4 и 121 минута - Мегваер за 5:4 за ерупција на Олд Трафорд.

Резултати и голови од другите четвртфинални натпревари:

Атлетик Билбао - Глазгов Ренџерс 2:0 (вкупно 2:0)

Ајнтрахт Франкфурт - Тотенхем 0:1 (вкупно 1:2)

Лацио - Бодо Глимт 3:1 (вкупно 3:3) на пенали 2:3

Полуфинални двојки:
Атлетик Билбао - Манчестер Јунајтед
Бодо Глимт - Тотенхем

18 април 2025 - 09:07