Таг: Хари Мегваер

За навиките на брат му на Мегваер

Тројца браќа се, Хари, Џо и Лоренс. За првиот денеска нема добри вести за навивачите на Јунајтед. Вест Хем се откажал од трансферот. Џо игра во најниските дивизии, а Лоренс во петтолигашот Честерфилд, исто така како дефанзивец. Ќе ве воодушеви со статистиката.

Онана му се сипа на Мегваер поради кикс во одбрана

Манчестер Јунајтед загуби 3:2 од Борусија Дортмунд во САД. Довчерашниот голман на Интер уште недојден, одма увиде со кого ќе треба да соработува во одбрана.

Првата фудбалска снимка од детството на Мегваер

Легендата вели дека после оваа снимка Фергусон ангажирал скаути да го следат неговиот развој. Уште од мал се двоел меѓу врсниците.

Мегваер и Де Хеа киксери на вечерта во Лига Европа

Манчестер Јунајтед не успеа да ја мине четвртфиналната фаза во ЛЕ против Севиља. Дома одигра 2:2, а на реваншот загуби 3:0 на свои грешки, недозволиви во нокаут фаза. Првиот гол на Шпанците им го подари Мегваер, а третиот Де Хеа. Хари не остана само на еден кикс. При вториот гол повреди свој соиграч. Неповторлив е.

Најлошиот потег на Мегваер во Катар

Ниту е удар кон гол, ниту центар шут, туку нешто што изгледа само него може да му успее. Овој момент од средбата Англија - Велс ќе котира високо на неславните компилации. 

Панчев има да ви каже нешто за разликата меѓу Најдоски и Мегваер

Прашањето до Кобра е кој е најјакиот дефанзивец кој го чувал?

Пусти Мегваер и за репрезентација ја оплеска во шеснаесетник

Англија и Германија одиграа спектакуларно реми од 3:3 и сите голови паднаа во второто полувреме. Хари Мегваер на ниво, како за Манчестер Јунајтед, така и за репрезентација. Погледне го што направи генијалецот од 87 милиони евра.

Нова сезона, нов гаф на Мегваер и тоа уште непочнат натпреварот

Пусти Хари, после толку глупости во шеснаесетник, територија во која со тој дрес и таа пара треба да царува, одма почна со глупости, а уште не го сефтосал теренот во прво коло. Ништо не му е јасно на овој човек, а носи капитенска лента на клуб кој беше меѓу најјаките во свет под водство на Фергусон.

Мегваер се поставува еден на еден како ветеран од 65 години

Манчестер Јунајтед сезонава има примено 56 гола, најмногу во топ 12 екипи на табела во Премиер лига и повеќе од 17-то пласираниот Барнли. Човеков кој го платија 80 милиони фунти има 200 кикса сезонава, а кај Фергусон би немал место ни на клупа. Погледнете го каков шаховски потег извади.

Подобро во аут да исфрлам отколку да му ја дадам на Хари

Покрај сите стопери на светов, Хари Мегваер е првотимец во Манчестер Јунајтед за кој платија грдни пари, па уште е и капитен. Погледнете колку верба во него има Давид Де Хеа.

Мегваер се надминува себе си, заб ќе му скршеше на Роналдо

Најскапиот дефанзивец во светот продолжува да се истакнува со бисери, кои овој пат ги имаше и во одбрана и во напад. Под притисок да бркаат гол за продолженија, Мегваер му даде глава на Роналдо, па среќа не му го скрши инаку тек тогаш ќе беше големата.

Потегов на Мегваер во одбрана не проаѓа ни на турнир во Мирковци

Што виде Манчестер Јунајтед во овој човек за да го плати 80 милиони фунти и да го направи најскап дефанзивец во историјата на фудбалот? Милион киксови откако дојде на Олд Трафорд. Душа му извади овој од Саутемптон, а потоа и Твитерџиите. Очаен дефанзивен потег.

Во 2016-та навивал за Англија од трибини, сега им е топ дефанзивец на Европско

Да му кажел некој на Хари Мегваер пред 5 години дека во иднина ќе командува со одбраната на Англија, ќе постигне гол во четвртфинале и ќе се пласира во полуфинале на Европско, сигурно би го сметал за луд.

Мегваер е ова или Крос?

Ако пасот на Тони Крос до Винисиус беше од 40-50 метри, тогаш овој на Хари до Рашфорд има 60 и јаче. Како го најде, да се замисли човек дали е он. Инаку ова е за 0:1, а Бруно од пенал во 91-ва ги постигна конечните 0:2 против Гранада. Погледнете ја забавената снимка.

Мегваер и Џејмс со невозможни утки на годината, Милан казни во 90+2'

Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, кој Манчестер Јунајтед го плати 87 милиони евра, вечерва против Милан во Лига Европа промаши неверојатен зицер. После и неговиот соиграч Џејмс се посрамоти па Милан израмни на 1-1 во 90+2' минута.

Необјаснивниот сумо зафат на Мегваер кон свој соиграч

Дресот на некогаш славниот гигант денес го носат просечни играчи за кои правото место е Ипсвич, Колчестер, Викомб итн. Синоќа ај што го обрукаа клубот, ај што примија 6 (првпат 4 гола во едно полувреме во историјата на Манчестер), туку и правеа некои нелогични потези. Како на пример дрвото Мегваер за кого Јунајтед плати 70 милиони фунти!

И ова дрвце заработува 190.000 фунти неделно

Манчестер Јунајтед минатото лето во 2019-та плати астрономски 87 милиони евра за да од Лестер го донесе стоперот Хари Мегваер. Репрезентативецот на Англија е и меѓу најплатените фудбалери во Премиер лига со 190.000 фунти неделна плата, ама она што го прикажува на теренот е далеку од таа вредност.

Заслужи ли Мегваер директен црвен картон против Челси?

Манчестер Јунајтед продолжи по старо, да губи бодови со Брајтон и Борнмут, а да освојува против екипи од врвот на табелата. Така синоќа, на „Стемфорд Бриџ“ по трет пат сезонава го победија Челси, 0:2, ама една епизода многу влијаеше врз текот на мечот. Хари Мегваер со сета сила го удри Митчи Батчуаји.

Прво заборави дека е капитен, а потоа водеше љубов со тревата на ЈНА

Хари Мегвајер е најскап дефанзивец во историјата на фудбалот за кого Манчестер Јунајтед плати 80 милиони фунти. Ама довчерашниот играч на Лестер синоќа нешто не беше при себе во Белград.

Јунајтед конечно победи на гости, ама капитенот го утна протоколот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа Партизан на гости со 0:1 и ја прекинаа лошата серија без гостински триумф која им траеше од март месец кога го изненадија ПСЖ во ЛШ. Борусија Менхенгладбах и скина бод на Рома со пенал во 95-та.

Јунајтед го прави најскап на свет стоперот на кого Фергусон му се јавил пред 8 години

Англискиот репрезентативец Хари Мегваер наскоро би можел да го сруши трансфер рекордот на Вирџил Ван Дајк и Матејс Де Лихт за најскап дефанзивец на сите времиња. Јунајтед спремен да плати 80 милиони фунти за него.

Ќе речеш стопер игра, ама дрибла како Меси

Лестер синоќа со 2-1 го совлада Брајтон, а за малку можеше да биде и поубедливо ако финишот на високиот и робусен стопер Хари Мегваер беше успешен како неговиот дриблинг.

Англиска школа за глума

Веќе е клише муабетот дека глумат само Италијаните. Го видовте ли вчера што направи дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер? Па треба да те бива за да знаеш да паднеш вака кога ќе те допре возхудот.