Во 2016-та навивал за Англија од трибини, сега им е топ дефанзивец на Европско

Да му кажел некој на Хари Мегваер пред 5 години дека во иднина ќе командува со одбраната на Англија, ќе постигне гол во четвртфинале и ќе се пласира во полуфинале на Европско, сигурно би го сметал за луд.

Репрезентацијата на Англија не прими ниту еден гол досега на Евро 2020, а еден од главните фактори за тоа е одличната игра на Хари Мегваер.

Мегваер ги пропушти првите два натпревари со цел во целост да се опорави од повредата, а селекторот Саутгејт едвај го чекал во тимот.

Хари е еден од најскапите стопери во историјата на фудбалот (трансферот од Лестер во Манчестер Јунајтед изнесуваше 87 милиони евра).

Неверојатна сума за фудбалер кој не беше вундеркинд но имаше брза трансформација во одличен стопер. За таа преродба најдобро зборат две фотографии:

Десно - Мегваер како навивач на Англија со другарите на Европско 2016-та на стадионот „Жофри Гушар“ во Сент Етиен

Лево - Мегваер како стопер на репрезентацијата на Англија на Светско 2018-та.

Интересно, во 2011-та Хари Мегваер ја играл првата сезона во професионалниот фудбал. Играл за Шефилд Јунајтед со кој завршил на последно место и испаднале во Лига 1.

Во 2012-та доживеал пораз во финалето на плејофот на Лига 1 за враќање во втора лига.

Во 2014-та и 2015-та Хари Мегваер настапувал за Хал но не бил стандарден дефанзивец туку резерва. Во зимскиот преоден рок таа сезона 2014/2015 го пратиле на позајмица во Хал. Хал испаднал од Премиер лига а Виган од Чемпионшип.

Откако одиграл сјајна сезона 2016/2017 за него се заинтересирал Лестер кој решил да го доведе. Хари еднаш за периодот од две години во кој од обичен гледач и навивач на репрезентацијата до настап на Светско првенство рекол:

„Две луди години. Просто неверојатно, до скоро одев како навивач на репрезентацијата а сега семејството ме гледа како играм на Светско првенство. Моите се многу горди“.

Хари сега игра одлично Европско 2020 и е еден од најзаслужните што Англија на својот „Вембли“ ќе игра во финале против Данска, а ако победи ќе се бори за првото злато на едно Европско првенство исто на „Вембли“ против Шпанија или Италија.