Репрезентативната пауза им направи многу проблеми на европските клубови. Многу јужноамерикански фудбалери не успеале да се вратат дома на време за редовното коло викендов. Меси изморен од патот и настапот за Аргентина, од трибини го гледаше триумфот на ПСЖ 2:1 после пресврт против Анже, Ливерпул директно ги прати Алисон и Фабињо во Шпанија да се спремаат за меч од Лига на шампиони неделава.
ден од ретките кои стегнал заби и кој многу сака да игра за својата земја Бразил, младиот Лукас Пакета направил необичен подвиг. Тој настапи за Бразил против Уругвај (4:1) во квалификациите за Светско првенство 2022 а после брзо време играше и на дербито Лион - Монако во француската Лига 1.
- На 15 октомври во 02:30 по централноевропско време, Пакета тргна од стартот во почетниот состав на Бразил и одигра 61 минута. Го извадија од игра когра Бразил веќе водеше со убедливи 3:0 против Суарез и Уругвајците. Мечот завршил во 04:15 по централноевропско време.
⚡ Le petit-pont foudroyant de Paqueta sur Nandez ! pic.twitter.com/wTkfhmvY9k
— beIN SPORTS (@beinsports_FR) October 15, 2021
После мечот Лукас Пакета, некогашниот фудбалер на Милан кој сега е главна ѕвезда на Лион, морал да лета од градот Манаус во Бразил до француски Лион - 8.347 километри односно да биде околу 19 часа во воздух со попатни преседнувања.
А на 16 октомври во 21:00 часот Пакета веќе беше на стадионот на Лион каде се играше големото дерби со Монако. Меѓу последната судиска свирка на Бразил - Уругвај и почетокот на средбата од Лига 1 поминале помалку од 41 час, а практично пола од тоа време Лукас го поминал во авион.
Нормално и очекувано, Бразилецот не го пуштија од старт на мечот Лион - Монако, ама беше на клупата за резерви. Влезе во 67’ минута на 0-0 и беше творец на триумфот на неговиот тим - Пакета практично го организираше првиот гол кога со неверојатен пас го пронајде Лео Дубуба кого го фаулираа во шеснаесетникот па Лион доби пенал. Водство донесе Карл Токо Екамби.
А на крајот од мечот Лукас Пакета направи бразилска магија: „ноу-лук“ додавање до Емерсон кој го даде вториот гол за триумф 2:0.
Отприлика Лукас Пакета поминал на фудбалски терени 90 минути на два континенти за помалку од 48 часа. И беше инспирација за победа на Лион кој од 10. место се искачи на 5.
Тренерот на овој тим Петер Бош признал дека долго време се советувал со лекарите дали Пакета ќе може да игра.
„Пакета е страшен играч, сите го знаеме тоа. Со индивидуални акции он прави разлика на теренот. Техниката му е на корист на цела екипа, со него на терен се чуствуваме подобри. На клуб како Лион неопходен му е таков играч како Лукас“, му поделил комплименти на соиграчот, стоперот Џејсон Денајер.
Пакета е најдобар стрелец на Лион во моментов и еден од најдобрите асистенти. Мечот со Лион е прави пример како индивидуалните магии на Бразилецот можат да му донесат победа на тимот. Погледнете го и голот кој Пакета го даде против Клермон во трето коло:
All day on repeat 🤤 @LucasPaqueta97
— Olympique Lyonnais 🇬🇧🇺🇸 (@OL_English) August 23, 2021
🎥 @Ligue1_ENG pic.twitter.com/LcOMF8piPi