Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски продолжи да игра во фантастична форма. На гостувањето со неговиот Интер Запрешиќ кај Истра постигна два фантастични гола во 13-та и 34-та минута (вториот посебно убав), со што сега има вкупно 15 погодоци и е убедливо прв стрелец во хрватското првенство.