Најскапиот ракометен состав во светот, лани настрда од Вардар во финале, а денеска е на колена поради извонредниот Кире Лазаров кој со Нант се избори за сензационално финале на Ф4 во Келн.
Иако важеа за апсолутни фаворити Парижаните беа целосно надиграни и го загубија овој натпревар сосема заслужено со резултат 32:28.
Кире Лазаров не запира ниту на 38 години и со 8 голови заедно со Турна го завршија мечот како најдобри стрелци. Ова беше специјален ден за него бидејќи кога го постигна шестиот гол стана стрелец број 1 на фајнл фор турнирите. Историја која ја одбележа и ЕХФ.
With a total of 57 goals at the #ehffinal4, @LazarovKiril7 is now the all-time stop scorer at the event, passing @FilipJ39 and @IlicMomir. “Kiril absolutely deserves to get on top, he is a brilliant person and player – and a shooter like no one else,” says Jicha. pic.twitter.com/8ClEMdt2ve
— EHF Champions League (@ehfcl) May 26, 2018
Нашата ракометна легенда доби мала минутажа во првиот дел, но кога судиите свиреа пенал за Нант, Кире стануваше од клупа и го решеташе голот на ПСЖ.
Лазаров во прво полувреме постигна 5 гола од кои 4 од пенал, а во вториот дел погоди уште 3 пати од 7 метри.
Нант изненадувачки беше во водство од 12 минута и не ја даде предноста цел меч. Во најнепријатна ситуација се најде во 56 минута бидејќи од највисоки +5 на мечот имаше само еден гол предност 29:28.
Но Кире и другарите го издржаа пеколниот притисок во последните минути и со двајца ракометари помалку успеаа во финишот да направат серија од 3:0. Ракометарите на ПСЖ сами се криви, бидејќи во ситуација 6 на 4 промашија и зицер и пенал преку Хансен.
Нант како големо изненадување на овој турнир оди во финале и утре во 18 часот ќе се судри со подобриот од пресметката меѓу Вардар и Монпеље.
Историскиот гол на Кире Лазаров