Необичен и интересен настан во францускиот фудбал. Титуларен (генерален) спонзор на дресовите на Нант, третиот клуб во најдобрата Лига 1 стана фестивал за метал музика наречен Hellfest.
Премиерата на оваа соработка била повеќе од успешна - Нант со 8:0 го победил второлигашот Париз во францускот Лига Куп, на мечот имало повеќе од 15.000 гледачи што за овој турнир е сосема одлична посета.
На овој меч навивачите можеле да купат нови, екслузивни производи од фан-шопот, како дресови и маици со името на новиот хеви-метал спонзор. Оваа музика се слушала на стадионот пред мечот, на полувремето и после мечот.
Свирел бендот Ultra Vomit.
Соработката на клубот Нант и фестивалот ќе важи за натпреварите од Лига Купот на Франција.
Hellfest е еден од најмасовните, најжестоките (по составот на учесници) хеви метал фестивали на светот. Се одржува недалеку од местото Клисон, околу 25 километри на југо-исток од градот Нант.
Од 2006 година фестивалот добил високи оцени и таму сега настапуваат апсолутно сите топ бендови од светот на рок, метал, панк и хардкор музика. Како нови ѕвезди, така и ветерани на хеви метал.
На пример на Hellfest 2019 дошле Kiss, ZZ Top, Tool итн.
За три дена фестивалот го посетиле повеќе од 160.000 фанови, а картите одат како алва веднаш по пуштањето во продажба.
Интересно ова не е прва соработка на хеви-металот и фудбалот во Европа. Популарна и многу успешната германска група Heaven Shall Burn (300.000 фоловери на Фејсбук) ја поддржала акцијата Support your local team и прво почнала соработка со Карл Цејс од својот роден град Јена. Овој клуб е познат што во 1981 година стигнал до финалето на Куп на Купови во кој изгубил од Динамо Тбилиси.