Кардиф неколку дена пред кобниот настан се договорил со Нант дека ќе му ја плати најголемата сума во историјата на велшкиот клуб - 17 милиони фунти (тука биле пропишани уште бонуси од 3 милиони фунти ако Кардиф избегне испаѓање).
Во случај и вториот обид за потрага (првиот беше крајно професионален од англиските и француските служби на островот Гуернси со неколку авиони, хеликоптери, спасувачки глисери и пеш), да биде неуспешен, должни ли се Велшаните да платат за играч кој најверојатно загинал?
Средствата сега за сега се замрзнати на сметките затоа што Кардиф покренал правна акција околу понатамошната процедура
Во меѓувреме стигна информација дека неколку познати фудбалери меѓу кои Рабио и Мбапе од ПСЖ, Дмитри Паје од Марсеј, Корентен Толисо од Баерн, Максим Гоналон, Калиду Кулибали, Клеман Грение како и агенциите Sport Cover, Kita family, FIFPro World Players Union i UNFP UNFP донирале по неколку илјади евра за продолжување на потрагата по фудбалерот Сала и пилотот на авионот Дејвид Ајботсон.
Управата на Кардиф е во недоумица откако клубот веќе му ја исплатил првата рата на Нант за трансферот на Аргентинецот Сала.
Извор на The Telegraph рекол дека Велшаните се спремни да платат, но сакаат некој да им објасни дали се обврзани по закон да мора да платат.
Освен тоа, Кардиф веќе поставил прашање до Премиер лигата, може ли клубот по трагедијата на Сала, да направи исклучок и да им дозволи да потпишат нов центарфор и покрај тоа што зимскиот преоден рок заврши. Премиер лигата ги одбила зошто правила се правила.
Тhe Telegraph исто пишува и дека општата сума за трансферот на Емилијано Сала можела да достигне до 30 милиони фунти (трансфер, плата, бонуси).
Според договорот со Нант, Кардиф е обврзан да го исплати трансферот во три рати (17 милиони фунти вкупно).
****
Во целата тегобна сторија, се појавил и поранешниот клуб на Сала - Бордо кој го продал играчот во Нант во 2015-та. Страните се договориле тогаш Бордо да добие 50% од следниот трансфер на играчот. Според информациите на Presse Océan, Бордо веќе побарал од Нант половина од 6 милиони колку што исплатил Кардиф досега.
Спортскиот правник Михаил Прокопец вели што може да се случува понатаму:
„Важно е да се види дали има меѓународен трансфер сертификат (ITC), јас досега не најдов информации во медиумите каков бил договорот меѓу Нант и Кардиф?“
Овој договор се потпишува кога играч преоѓа во друга земја. Системот е таков: има специјална компјутерска програма TMS (Transfer Matching System) под закрила на ФИФА.
Во овој програм клубовите кои купуваат, на пример Кардиф, му го дава прашалникот на Нант. Тој прашалник потоа оди до фудбалската федерација на Франција, а таа го проследува до Нант со прашање: Ве контактираат за трансфер, дали е во ред?
Трансферот се одвива со согласност на екипата и ако Нант кажал: да, ние не сме против и му предава пополнет сертификат на Кардиф. Ако Нант не е согласен, пишува дека одбива и ако тој сертификат не се појави, спорот го презема ФИФА.
Во самиот програм ITC ништо не е пропишано, се е пропишано во трансфер договорот.
Уште не е јасно што е со меѓународниот трансфер сертификат на Емилијано Сала. Во статијата, The Telegraph пишува дека трансфер документацијата била направена во FA и во FIFA.
Во секој случај, треба да се види како ќе се развива ситуацијата. Можно е другата страна (Нант) да не ги бара парите зошто ситуацијата е морално тешка - треба да бараат пари за човек кој најверојатно загинал. Без тој ITC документ, Кардиф може да не плати за ништо.