Кралски третман на Нант за Лазаров

Французите му се поклонија на Кире Лазаров и тоа буквално на кралски начин. Каква незаборавна ноќ за македонската ракометна легенда. Вакво нешто нема привилегија да доживее секој спортист.

Лазаров го одигра последниот првенствен натпревар за Нант пред својата публика, кој го декласираше Тулуз со 32:18 и постигна 3 гола меѓу кои и еден цепелин.

Домаќините му приредија испраќање во пензија кое не се заборава и го истретираа како крал, а навивачите во негова чест ставија круни и беа облечени во специјални маици.

Спектакуларната церемонија почна со шпалир, а потоа го седнаа на престолот заедно со семејството и пуштија видео на кое пораки му испратија неговиот прв тренер од Свети Николе, Илчо Јанев, потоа Лино Червар, Чави Пасквал, Никола Карабатиќ.

Нант уште во претходното коло ја осигура втората позиција, но на последниот меч одигра професионално и со убедлива победа ја спушти завесата во домашното првенство.

На Лазаров му остана уште еден меч за Нант, а тоа е против ПСЖ на 11 јуни во Купот. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by HBC Nantes (@hbcnantes)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by HBC Nantes (@hbcnantes)

 

ЕХФ го поздрави Кире Лазаров: „Ќе фалиш легендо“

Маалскиот живот на Лазаров кој се тепал на фудбал, играл баскет и скришно пушел цигари

Писмо до помладиот себеси: Нема да те лажам

Кариерата и бројките на маестро Кире заслужуваат документарен филм

Лазаров: Заминувам со гордо крената глава, а ова е само едно кратко довидување од ракометот

9 јуни 2022 - 08:46