Во Франција поради германската окупација нема ниту едно градско дерби

„Еден град - еден клуб“ е девизата под која многу години се игра француската Лига 1. Во Франција еден од најголемите дерби дуели е она меѓу Сент Етјен и Лион, градови кои се на 60 километри еден од друг.

Оваа карактеристика за францускиот фудбал не е случајна: во Втората светска војна колаборационистичкиот рим на Франција ги „гасел“ сите жаришта на дерби дуели.

Во соработка со германскиот окупатор, Филип Петен ги менувал правилата на игра и се противел на професионалниот спорт.

****

Во сезоната 1989/1990 Расинг, познат клуб од Париз играл слабо. И покрај тоа што стигнале до финалето на Купот, во Лига 1 завршиле претпоследни. Поради финансиски проблеми Расинг од Париз испаднал во трета лига и веќе никогаш не се вратил.

Иако звучи како обично испаѓање на просечен клуб, сепак не е така. Во Франција веќе 30 години нема ниту едно традиционално дерби - во Лига 1 не се среќаваат клубови од ист град.

Исклучок се некогашните дерби средби меѓу Расинг и ПСЖ од крајот на '80-те години. Во Франција клубовите биле свесно распределени по целата територија на земјата и нема град со два големи клуба.

Оваа ситуација е поврзана со доаѓањето на власт на маршал Филип Петен.

Уште до падот на Франција во 1940-та година спортскиот живот во земјата бил замрен. Купот 1939/1940 бил единствен голем фудбалски турнир таа сезона. Трофејот за победникот бил преименуван во Куп Шарл Симон - во чест на загинатиот претседател на Спортската федерација на Франција во 1915 година.

Финалето се играло во Париз на 5. мај. Неколку дена подоцна германската војска која веќе ги опседнала Холандија и Белгија, стигнала и во Франција.

Во тој период се случила и големата евакуација на британската војска а сојузниците биле жестоко поразени во пограничните борби.

Во јуни на сила стапил Вермахтот во Париз. Следувал договор меѓу Франција и Германија: Северот го окупирале Германците, истокот бил присоединет кон Рајхот а на југот владеела француска власт (режим Виши по местото на престолнината). Вишиевска Франција формално имала власт и врз северниот дел кој бил под германска воена управа и врз јужниот неокупиран дел во градот Виши.

Со падот на Третата француска Република било расформирано и фудбалското првенство. На север и на југ се играле два различни турнири на чии победници денес не им се признаваат шампионските титули.

Единствен турнир кој ги обединил сите делови од земјата бил Купот на Франција кој и натаму го носел името Куп на Шарл Симон.

Во сезоната 1940/1941 имало 236 клубови (помалку од вкупниот број учесници на почетокот на 1920-те години).

Турнирот се играл по географски принцип: најдобрата екипа од југот на крај играла против најдобрата екипа од северот.

СВЕСНА ПОДЕЛБА НА РЕГИОНИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ИЗБЕГНАТ РИВАЛСКИ ДУЕЛИ

Генералниот комесар за спорт во владата на Петен, стана тенисерот Жан Боротра - Мускетар. Тој веќе имал четири титули на Гренд Слем (два на Вимблдон, еден во Франција и еден во Австралија) и уште девет титули во дубл.

Во слободно време Жан Боротра завршил како правник на Сорбона, тргувал со нафта и се зачленил во партија. Пред војната Боротра отворено ги симпатизирал конзервативците и се приклучил кон Социјалистичката партија која имала парола „Без фашизам и комунизам“.

Со почетокот на Втората светска војна, Жан Боротра бил викнат во армијата но во блицкригот кај Дижон бил заробен. Успеал да побегне а на крајот од 1940-та година соработувал со режимот во Виши.

Останал запаметен по тоа што под негова власт ги смениле правилата: натпреварите се играле 80 минути. Уште во есента 1940-та сите клубови (не само фудбалски) автоматски станале аматерски. Режимот во Виши се стремел да го подобри здравјето на нацијата а со спорт морале да се занимаваат сите.

И покрај протестите во 1940-та година на претседателот на фудбалската федерација на Франција Жил Риме, во Купот се појавило ограничување за професионални фудбалери и секој клуб морал да има најмалку четири аматери во составот.

Во март 1942 година репрезентацијата на Франција одиграла два пријателски меча: дома против Швајцарија и на гости против Шпанија. Во Севиља отпатувале само четворица професионални играчи и Французите ги изгубиле двата меча.

Главната измена во позадина имала идеолошка подлога. Со распадот на професионалната лига почнало обединување на тимовите од еден град. 

Режимот во Виши сметал дека степенот на агресија во друштвото треба да се смали и фудбалот да се претвори во сила која ќе ја обедини земјата. Судири меѓу навивачите биле неприфатливи.

Оваа реформа не се однесувала само на југот од Франција туку и на територијата окупирана од Германците. 

Исто нешто се случило и во Италија уште во 1920-те години кога на власт дошол Мусолини. Тогаш некои клубови биле практично направени големи на сметка на помалите. Најпознат пример е Рома која била формирана врз основа на три клуба. Ова створила бунт кај другите, па Лацио исто бил соединет од помали клубови.

Во Франција желбата за сплотување на нацијата се совпаднала со економска криза. Клубовите губеле професионален статус и биле национализирани, но неопходно било нивно финансирање, па принудното спојување на неколку клуба во еден помогнало во оптимизација на буџетот.

Затоа во рефората исчезнале некои клубови, меѓу нив и Фив од Лил. До почетокот на Втората светска војна овој клуб бил втор во Франција а во 1941 година стигнал до финалето на Купот. Главен ривал на Фив бил градскиот ривал Олимпик, а подоцна од овие два клуба се образувал денес познатиот Лил.

Слично се случило и со Сошо и Валентин. Нивното големо ривалство во 1942 година се претопило во нов клуб. Во свое време Сошо се појавил со поддршка од компанијата „Пежо“ која на крајот од 1920-те години сакала да создаде алтернатива на постариот и попознатиот Валентин. Ривалството меѓу овие два клуба било толку големо што се распаднало брзо по обединувањето на двата клуба пред крајот на војната.

Логото на Бордо исто така долго време било составено од двата клуба во Аквитанија. Имало примеси од грбот на клубот Порт каде играле аматери од редовите на пожарникарска служба кои работеле на пристаништето. Во чест на соединувањето на овие два клуба, на грбот на Бордо се појавил амблем со сидро.

Морските атрибути од логото, Бордо ги избришал дури во 1970-те години.

Дури и по крајот на Втората светска војна, трендовите се задржале иако загриженоста за интегрирано општество отишла во втор план. Поважно било преживувањето на клубовите.

Во 1945 година така се обединиле три клуба од градот Рубе: Екселзиор, Рубе и Туркуен.

Во 1948-ма година на две сезони се обединиле и париските Ред Стар и Стад Франс. Во 1950-та година се родил и Норкап, клуб створен од обединување на Нордест и Капуш.

Дури и познатиот Пари Сен Жермен е резултат на соединување на два клуба: во 1970-та година клубот Париз се обединил со Сен Жермен и така се родил денес познатиот гигант. (во тоа време од главниот град немало практично ниту еден клуб во најдобрата лига. Локалниот Ред Стар бил пред гаснење а во Париз имало голем интерес за фудбал. Како резултат на тоа бил создаден ФК Париз, но федерацијата не дозволила да игра веднаш во прва лига, а не сакале да ги остават во петта дивизија. Затоа се обединиле со Сен Жермен кој во тоа време бил второлигаш. Додека не бил изграден Парк на принцовите, клубот играл во преградието на Париз).

Интересно, веќе од следната сезона би можеле да гледаме градско дерби меѓу ПСЖ и Париз во Лига 1. ФК Париз е лидер во втората француска после три одиграни кола. Легендарниот Расинг, пак, во моментов е петтолигаш.

Од оваа причина во францускиот фудбал ниту ден-денес нема ниту едно градско дерби.