Француските навивачи излегоа од контрола. Овојпат оние на Лион кои направија прекин на мечот со Марсеј.
Големото дерби се играше на стадионот „Групама“ во Лион во неделата. После само три минути по стартот, некој од трибините со полно пластично шише го погоди најдобриот гостински фудбалер Дмитри Паје кој падна како покосен, после што судјата Руди Буке ги прати двата тима и резервните играчи во соблекувалните.
Првично луѓето од Лига 1 и главниот судија после ден час прекин биле за мечот да се доигра. Дури и спикерот на стадионот во еден момент рекол: „Ова беше изолиран инцидент. Изгредникот е приведен. Мечот ќе продолжи, но при прв најмал инцидент ќе биде прекинат. Сметаме на вас“.
Лион беше спремен да продолжи, играчите се појавија на загревање, но гостите од Марсеј одбија да дојдат на терен. Тиери Анри даде лута изјава: „Лион-Марсеј е главно дерби на колото. Луѓето го гледаат ова. Одново гледаме прекинат меч поради идиоти. Не е ова тоа што сакам да го видат Англичани, Шпанци и Италијанци во француската лига“.
Најверојатно натпреварот ќе се преигра во понеделник.
ОВА НЕ Е ПРВ ИНЦИДЕНТ, НАПРОТИВ ТРЕТ ВО КОЈ Е ИНВОЛВИРАН МАРСЕЈ
Француските навивачи никогаш не биле целосно дисциплинирани на трибините како што Маргарет Тачер ги направи Британците. Но во сезонава 2021/2022 проблемите излегоа надвор од „просекот“.
Уште таму во август во 1. коло од новата сезона во француската Лига 1, на мечот Ница - Марсеј избија големи нереди и тоа главен јунак и таму беше Дмитри Паје. Тогаш во 75’ минута го гаѓаа со предмети (исто шишиња), тој зема едно шише од теренот и бесно им го фрли на навивачите на Ница назад накај трибни после што тие прескокнаа ограда и тргнаа физички да ги нападнат фудбалерите на Марсеј.
Помошникот на главниот тренер на Марсеј, Пабло Фернандез силно удри еден навивач на Ница и го нокаутираше после што го суспендираа до крајот на сезоната.
Веќе на 22 септември за време на мечот од 7. коло меѓу Анжер и Марсеј, изби масовна тепачка меѓу навивачите на двата тима кои се судрија долу на теренот. На 30 септември во дуел од Лига Европа меѓу Марсеј и Галатасарај (0:0), судијата досуди прекин кој траеше околу десетина минути поради тоа што навивачките групи на двата тима се гаѓаа со бакљи зошто беа сместени едни до други.
Неколку министерства во Франција тогаш им забраниле на навивачите на Марсеј да гостуваат ширум земјата, а забраната почна од гостинскиот меч со Лил во 9. коло.
Мечот од 11. коло меѓу Сент Етјен и Анжер исто почна дури пола час после предвиденото време зошто домашните ултраси кои протестираа жестоко против управата на клубот и тренерот Клод Пуел поради очајни резултати, цел терен го опсипаа со бакљи и разна пиротехника па судијата Ентони Готје ги извади екипите надвор од терен а редарските служби го чистеа теренот од бакљи и петарди.
На 24 октомври уште еден инцидент изби во Марсеј. Навивачите на големото дерби со ПСЖ фрлаа разни предмети по теренот во обид да го погодат Нејмар кој изведуваше корнер, а полициските специјалци држеа штитови над него.
На три од седум меча на Марсеј во Лига 1 противничките играчи биле гаѓани со разни предмети, а уште на два меча сезонава на „Велодром“ наввивачите правеле големи нереди. Во Франција се водат големи дебати и дискусии околу тоа како да се сопре навивачкото беснило кое трае веќе со месеци.
Прочитајте уште и: