Леброн Џејмс, многу подмукло, како никогаш во кариерата, силно го удри центарот на Пистонс Ајзеа Стјуарт со лакт и му го раскрвари лицето. Стјуарт по тој момент збесна и тргна со цела снага како разјарен бик да стигне до Леброн за да се пресмета со него. На пат му се најдоа десетина соиграчи, тренери, судии, обезбедување и едвај на крај во последен момент го сопреа.
Поради овој неспортски потег, Леброн Џејмс веднаш беше исклучен а до тој момент имаше 10 поени, 5 асистенции, 1 скок и 2 изгубени топки. Го напушти паркетот при резултат 80:66 за Детроит Пистонс на 9:18 минути пред крајот на третиот период.
Учесниците на инцидентот сигурно ги очекува голема казна.
ISAIAH STEWART WANTS LEBRON pic.twitter.com/gw6u84Pqr6
— Rob Perez (@WorldWideWob) November 22, 2021
Што се однесува до мечот, ЛА Лејкерс победи 121:116 иако резултатот остана во сенка на големиот неред. Ентони Дејвис беше најефикасен со 30 поени, 10 скока и 2 клучни банани над Кејд Канингем, а Вестбрук уфрли 26 поени, 10 асистенции и 9 скока. Ветеранот Мело Ентони додаде 18 поени и имаше важен учинок во триумфот.
Кај Пистонски Џереми Грант, најефикасниот играч на мечот постигна 36 поени, Дијало 17, Џексон 15 поени, Беј 14 а Канингем 13 поени, 10 асистенции и 12 скока.
Во Детроит во 2004-та се случи најголемата тепачка во историјата на НБА кога Рон Артест, Џермејн О’Нил и Стивен Џексон од Индијана Пејсерс се тепаа со пола трибина и противнички играчи од Пистонс.