Netflix го претстави својот нов документарец: "Untold: Malice at the Palace", посветен на големата тепачка меѓу играчите и навивачите во НБА која се случи во 2004-та година во „Оберн Хилс Арената“ во Детроит. Во филмот зборуваат играчи и навивачи кои беа дел од големата битка.
ГЛАВНИ „ЈУНАЦИ“ НА ОПШТАТА ТЕПЧАКА
Рон Артест - Главен антихерој, снага во движење кој важеше за еден од најнезгодните кошаркари во НБА. Човек кој со Бен Волис ја започна страшната тепачка.
Стивен Џексон - Верен војник на гореспоменатиот и негов штитоносец
Џермејн О’Нил - дечко кој сакаше само најдобро, ама под туѓо влијание и он влезе во метежот
Реџи Милер - жива легенда на Пејсерс чија последна сезона ги засени неговите успеси зошто имал претерано чувство на сопствена величина
Бен Волис - уште една громада од тимот на Детроит чија морална стабилност пострадала по неодамнешната смрт на родениот брат
Навивачи на Пистонс - непријателска средина, сала во која врие како во котел, а во тој период беа опиени од шампионските славја во претходните две сезони, особено триумфите против Индијана.
Дејвид Штерн - легендарен НБА комесар. Тогаш на овој меч беше трет судија кој самостојно носеше одлука за судбината и казните на сите учесници. Буквално ги одра од суспензии.
МЕСТО И ВРЕМЕ - ДЕТРОИТ, АРЕНА „ОБРН ХИЛС“, 19 НОЕМВРИ 2004 ГОДИНА
Сезоната 1999/2000 беше врв не само за Реџи Милер, туку и за целата франшиза Индијана Пејсерс. Растураа на сите паркети ширум Америка и стигнаа до самиот крај во борба за шампионска титула.
Никогаш до тогаш и по тоа Индијана не влезе во едно НБА финале. Иако екипата под водство на Лери Бирд во финалната серија изгуби 2-4 од ЛА Лејкерс на Фил Џексон, навивачите во Индијанаполис искрено веруваа дека клубот скоро ќе стигне пак до финале.
Нов борбен и спремен колектив за битка до шампионски прстен навивачите на Индијана дочекаа после четири години. За тоа време Пејсерс два пати го смени главниот тренер: Прво Лери Бирд го одржа ветувањето на навивачите и си отиде веднаш после финалето, а на негово место дојде Ајзеја Томас кого во 2003-та токму Лери Бирд како нов генерален менаџер на клубот, го замени со Рик Карлајл.
Од Индијана замина ѕвездата Дејл Дејвис но дојде одличниот Џермејн О’Нил кој беше избран од Портланд како 17. пик на драфтот во 1996-та и тоадиректно од средно школо, но не се снајде во Трејлблејзерс и не доби шанса.
„Откако потпишав договор со Индијана, отидов во фан шопот во центарот на Индијанаполис и таму слушнав како зборат: „И за него сме го трампале Дејл Дејвис!?“ Тогаш така реагираа навивачите. Имав само дваесет години. Мислев дека никогаш нема да станам првотимец иако сонував за такво нешто.
Во текот на регуларниот дел од сезоната 2001/2002 во Индијана дојде Рон Артест. Првиот тренинг на екипата со него, траел цели три часа. Џермејн О’Нил еднаш на Реџи Милер му рекол дека никогаш во живот не тренирал толку. Се спремале за голем успех.
Индијана ја заврши сезоната 2003/2004 (сезона пред оваа голема тепачка) со 61 победа - најдобар учинок од сите екипи во регуларниот дел. Пејсерс просто растураа и победуваа секаде секого. На крај стигнаа до финалето на Источната конференција каде ги чекаше Детроит Пистонс кој набрзо пред тоа се засилија со снажниот Рашид Волис.
Тоа беше најава за судар на две најдобри одбрани во лигата. Стручните коменатори тврдеа дека тој што ќе победи во финалето на Исток, ќе ја освои шампионската титула во НБА.
После петтиот меч (Game 5), Детроит водеше 3-2 во серијата и беше на победа од голем триумф на Истокот. Во шестиот меч на 3:57 минути до крајот на мечот при нерешен резултат, грубиот Рон Артест жестоко го фаулираше со лакт Рип Хамилтон. Судиите досудија неспортски фаул а Пистонс добија две слободни фрлања и посед. На крајот Детроит славеше 69-65 и заслужено се пласираше во големото НБА финале.
Многумина сметаат дека токму тој момент со намерниот фаул на Артестбил клучен што Индијана го изгуби мечот и серијата. Пејсерс никогаш претходно и подоцна не беа толку близу до големото финале и борбата за шампионски прстен.
МАСОВНАТА ТЕПАЧКА ПОРАДИ КОЈА БЕА КАЗНИТЕ ДЕВЕТ ИГРАЧИ И ОСТАНАА БЕЗ ВКУПНА ПЛАТА ОД 11 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
Грубиот Рон Артест кој по поразот во финалето на Истокот од Детроит Пистонс паднал во депресија, снимал рап музика и тотално изгубил интерес за кошарка, решил да одмори повеќе од еден месец. Тоа ги револтирало соиграчите кои јавно се бунеа зошто Артест не доаѓа на тренинзи и е отсутен.
Првиот меч меѓу Детроиот Пистонс и Индијана Пејсерс после тоа финале на Истокот кое беше проглаено за „најгрубо и најдосадно“ зошто во просек двете екипи даваа по 60-70 поени, беше закажан за 19 ноември 2004-та година.
Пејсерс сèуште не беа помирени со фактот дека им избегал шампионски прстен претходната сезона во која издоминираа во регуларен дел. Од таа причина во Детроит дошле награбусени како да се игра на живот или смрт а необичен меч од регуларен дел на новата сезона.
Индијана во текот на целиот дуел го растури Детроит. Буквално издоминираво секој сегмент од играта и пред крајот на мечот водешеубедливо. Рон Артест беше најдобар поединец на паркетот со 24 поени (дури 17 во првата четвртина), Пејсерс имаа +15 и сигурна победа но тоа не го задоволи Артест кој само чекаше беља.
На 46 секунди до крајот на мечот кога Индијана водеше со убедливи 15 поени предност (97-82) среде Детроиот, Бен Волис прими една топка и реши да оди на влез. Во тој момент Рон Артест му направи фаул кој не делуваше толку страшно колку што фрустрираниот поради убедливата резултатска негатива, Волис реагираше грубо и со сета сила го турна Артест.
Свесен што сè може да избие ако му врати, Рон Артест легна на судиската маса кај делегатите со цел да се смири додека трае гужвата на паркет. Во еден момент дури и ги зема слушалките на коментаторот со цел да не ја слуша вревата.
Бен Волис (Детроит) кој извесно време пред овој меч го изгубил брат му кој починал од тешка болест, беснееше по паркетот.
„Во мене вриеа емоции и енергија кои не можеа да најдат излез никаде освен на теренот. Бев како буре барут“, се сеќава Волис во документарката на Нетфликс.
И вулканот избива кога навивачот на Детроит Пистонс, кој се појавува и во документарката на Нетфликс, Џон Грин решава да фрли со полна чаша и да го полее Рон Артест кој во тој момент здивува. Тргнува да скока по трибините и да руши се пред себе. Во тој налет му помага и соиграчот Стивен Џенсон кој со тупаница патосира што му се најде на патот. Избива општа тепачка во која учествуаат навивачите и играчите на двата тима:
Артест долг период пред тој меч пател од депресија.
„Во тоа време (период пред фамозната тепачка) одев на лекување. За да се смириме практикувавме „броење до пет“. Ако нешто се случи, изброи до пет да размислиш и да се оладиш. Јас бев меѓу своите соиграчи и се чувствував како огромен моќен пес. Верував во нив сто посто. Знаев дека Џермејн нема да ме пушти кај Бен. За ништо на светот. Да не зборувам за Стивен Џексон. Затоа бев смирен и уживав во моментот“, раскажува лудиот Артест.
По големата тепачка на трибини, Артест се симнува на паркет и кога се изгледа дека се смирило, здогледува навивач во дрес на Детроит:
„Кога го приметив, се чудев како да сум видел вонземјанин. „Што е, сакаш да се тепаш, а?“ Во тој момент се смирив, но чудакот просто влезе во мојот личен простор“
Интересно, Рон Артест по извесно време се спријателил со навивачот кој го полеа со вода во моментот кога беше најтензично на теренот и ситуацијата експлодираше.
„Дечкото што го фрли тоа пиво и фактички ја започна целата работа, со Рон (Артест) зборуваат на дневна основа. Се слушаат, баш добри пријатели се... Не знам како уште ден-денес се пријатели, неверојатно е. Ама Рон е таков тип на човек, никогаш не можеш да знаеш што можеш да очекуваш од Рон“, вели Стивен Џексон за The Jump на ESPN.
ЛУД ЕПИЛОГ
На крајот, после неколку рочишта и заседавања на комесарот на НБА, била подвлечена црта. Се испоставило дека 9 навивачи биле повредени, а двајца завршиле во болница.
Рон Артест доби драконска казна од 73 меча без плата што го чинело 5,288,545 милиони долари од примања. Стивен Џексон кој практично најмногу удираше, доби 30 меча суспензија и останал без 1,865,854 долари, Џермејн О’Нил првично добил 25 меча суспензија и практично останал без 4,510,975 долари но набрзо му ја спуштиле на 15 меча суспензија па тоа го чинело 2,706,585 долари.
Бен Волис кој беше главен актер на тепачката доби 6 меча и пократок за 439,024 долари. Реџи Милер (60.000 долари казна). Вкупно во минус сите овие играчи биле околу 11 милиони долари кои требале да ги заработат од плати, а не ги земале поради суспензиите.