Марко Ливаја даде гол па се степа со навивач на Ријека

Едно од надраматичните дерби соочувања викендов беше јадранското, каде паднаа 5 гола, ќотек, пресврт во 98-ма минута, влетување на навивачи на терен, фрлање факели, пресметка на трибини.

Хајдук ја доби Ријека на гости со 2:3 со погодокот на Јан Млакар во 98-ма минута. Првите два гола за гостите ги постигна Марко Ливаја, но по постигнувањето на првиот имаше кратка пресметка со навивач на сред терен.

По завршувањето на мечот на терен влета уште еден навивач кој го нападна физиотерапевтот на гостинскиот тим.

Хрватските медиуми пишуваат дека во гужвата тој се обидел да го удри и него и шефот за безбедност на Хајдук. Но шефот со еден удар го легна на земја навивачот.

Инциденти на дербито беа забележани и на трибини.

Голот за 2:3

22 ноември 2021 - 07:57